Марфиевата законитост "сè што може да тргне погрешно, ќе тргне погрешно" често ја покажува својата сила и на изборот на кошула и вратоврска. Токму многу комбинации и толку многу можности да се оплеска работата. Примерите ги гледаме често кај наши јавни лица, политичари, водители...
Постојат неколку базични упатства на оваа тема. Прво - боите. Во тој поглед "оче наш" е следниот круг. Соседните отсечки се слични, спротивните (црвено - зелено) се контрастни а оние одвоени со три отсечки - комплементарни бои.
Кога се зборува за кошула- вратоврска, полесно е да се спаруваат контрастни отколку комплементарни бои. Ако кошулата е сина, вратоврската црвена.
И една работа која не смее да се заборави: Бојата на вратоврската МОРА ДА БИДЕ ПОТЕМНА од кошулата. Без исклучок.