Компанијата на Аурора Џејмс, Културал брокериџ ејџенси под која работи модниот бренд, е формирана во 2011, и според истражувањето на Њујорк пост таа од 2015 има добиено 15 налози за неплатен данок. Од нив три се во Њујорк и по основа неплаќање данок на приход на платата на вработените, во износ од 15.000 долари.
Меѓу април 2018 и април 2019 американската даночна служба испратила 6 барања до фирмата на Џејмс во износ од 103.220 долари.
На страна што не е чиста кон државата, истата компанија е вклучена во неколку правни спорови заради неплаќање бенефиции на вработените.
Компанијата по оваа основа веќе е казнета 17.000 долари, а моментално борбата е за уште 62.722 долари
Поранешни вработени на Џејмс изјавуваат дека компанијата се потпирала на неплатени приправници кои работеле целосно работно време и дека не било пријатно место за работа.
„Работната средина беше толку непријателска што ми беше страв да си ја побарам платата,“ изјавила поранешната вработена на Џејмс.