Девојката со над 150.000 следбеници на нејзиниот профил под име „Мода со вера“ (@fashionwithfaith), е позната по стил што таа го нарекува „modest fashion“ кој според нејзе е начин на кој можат да се исполнат „духовните и стилските услови“.
„Апсолутно бев уверена дека некој што личи на мене не би можел да освои таква награда. Дополнително, тоа што сум препознатлива муслиманка со влијание во модата во Шведска е речиси нереално чувство. Ме радува што гледам такви промени во инаку многу површна и хомогена индустрија.
Мислам дека мојот стил стига до многумина и инспирира многумина, не само муслиманки. Исто така голем број луѓе можат да се идентификуваат со мојата работа. Ова е потврда дека е дојдено време кога можеме да почнеме да го нормализираме хиџабот во модната индустрија. Модата е за секого,“ порачала Асри на доделувањето на наградите.
Кога е во прашање хиџабот и модата за муслиманки постои една „јајцето-кокошката“ дебата која се тера по линијата дали е прогресивно да се промовира хиџаб и умерена мода, или е прогресивно да се бори човек против хиџаб и умерена мода. Препреката кон доближување на двата става е дека хиџабот се користи како мерка за репресија на жените во голем број муслимански држави, додека истовремено е симбол од кој се ежи народ во голем број не-муслимански држави и основа за нивно истурање на гнев кон своите муслимани сограѓан(к)и. Истото важи и за модата за муслиманки, која за едни е начин жената да се држи во послушност и да се шири пораката дека жените треба да го кријат своето тело, а за други е симбол за етничката, културолошка и религиозна уникатност на жената во однос на средината (главно западна) во која се наоѓа.
Вон овие туркања на рака, веројатно главен победник е шведски Ел кој успева да се наметне како одлучувачки фактор јавниот муабет и да ќари на бесплатна реклама.