Кина е татковината на сите фалсификувани чанти на светот а една од главните движечки сили е гигантот за е -продажба Али Баба. Токму со оваа компанија и нејзината ќерка Таобао, Луи Витон се здружи за да го прекине ланецот на дистрибуција на фалц чанти со посакуваното лого и дизајн.
Таобао се обврза дека ќе ги остранува сите понуди кои се сомнителни а ќе преземе и превентивни мерки за соте пиратизирани производи.
Ова е дел од еден поширок договор кој Али Баба минатиот август го потпиша со Меѓународната коалиција за борба против пиратеријата.
Инаку, трансакциите преку Али Баба се поголеми од оние на Амазон и Ибеј заедно.
За офлајн светот, царство на фалсификатите останува "лажниот пазар" Хан Сити.