Во една фина мета-приказна, Франческа Џино, проминентна професорка од Харвард, наводно ги фалсификувала резултатите во своите истражувања од областа на бихејвиоралните науки, на тема - чесност.
Еден од најголемите бразилски фудбалери на сите времиња синоќа бил уапсен во Парагвај поради тоа што влегол во земјата со фалсификуван пасош. Не му е првпат со брат му да прави ујдурми.
Мобилни за една употреба, лажни мејлови и лажни компании помагаат за на крај да се испорачаат огромни количини Најк (нешто ситно и Луи Витон чевли) во САД.
Чудни се судбините на африканските млади таленти за кои во западните земји се става рака на очи за нивните административни фалсификати. Необична е сторијата за младиот Сила од Киншаса за кој допрва треба да се слушне.
Вработени во некои од германските конзулати на Блискиот Исток, директно соработуваат со шверцери на луѓе на кои им продаваат фалсификувани визи за мигранти кои сакаат да влезат во Германија како бегалци, открива германски Шпигел.
Eден холандски сликар, кого критичарите од времето пред Втората светска војна го сметале за „лузер“ и евтин плагијатор на делата на славните мајстори, решил им да се одмазди. И тоа скапо да го наплати.
Милиони хард-кор христијани во светот веруваат дека Библијата е нешто што било диктирано од самиот Бог а луѓето вклучени во нејзиното создавање само записничари кои фаќале стенограми. Ако речеме дека е така, тогаш испаѓа дека Бог е очајно лош пишувач. Многу пасоси денес не би прошле стандардна уредничка редактура и би биле вратени на доработка, потцртани со многу црвено.
Биограф на Доналд Трамп раскажа како актуелниот американскиот претседател своевремено го убедувал како слика што ја поседува била прав, правцат Реноар. Скорешно видео интервју со првата дама на САД открива дека лажњакот уште им виси по дома.