Њујорк отсекогаш бил авангарден во популарните трендови а она што последно доаѓа од таму е пиење кафе од свежа широка пиперка.
Доаѓа од популарното бифе Crave.it и зад изумот стои италијанскиот мајстор барист Еторе Диана кој веќе има создадено неколку познати "пијачки со потпис".
"Не вртете со глава додека не пробате. Горчливиот удар на кафето перфектно балансира со слаткастата свежина на пиперката," пишува во една рецензија на NY Daily News.
За најпрефинетите фанови на кафето (или бабурите), да кажеме уште само дека авторот на пијачката препорачува жолта бабура.