"Луѓето веќе не се облекуваат како некогаш. Порано кога одеа во театар, сите беа дотерани од глава до петици. Не ми недостига тоа време, но, да бидеме искрени, кој сака да отиде во театар и таму да види дечко со пар не баш најубави нозе, облечен во бермуди и апостолки?", ламентира Џегер за магазинот Ролинг Стоун.
Поентата е, доколку не сте тргнати на плажа или кон туш кабините на некоја теретана, машките стапала не смеат да допрат апостолки. Зошто? Затоа што се инфериорни за основната цел на чевлите - одењето а првенствено затоа што не покриваат доволно.
"Машките палци на нозете се негледливи," појаснува уредникот на магазинот Комплекс.
За разлика од жените, мажите не посветуваат доволно време на негата на своите стапала и резултатите од таа запуштеност никому не му треба да му се покажува преку апостолките.
Слична функција имаат и женските танги: одлични се кога имаат што да откријат но ужасни кога се носат на нешто што би било хумано да се покрие. Во машкиот случај не постои првиот случај јер уште се нема родено првиот машки палец за кој околината баш копнее да го види.