Ова и се случува на Мелиса Меккарти која откри дека пред две години не можела да најде дизајнер што ќе ја облече за Оскарите, и покрај тоа што вечерта била номинирана за една од наградите.
"Зборував со 5 или 6 дизајнери - многу познати кои прават многу облека за луѓе - и сите ми рекоа не.
Не разбирам зошто ако си одредена големина, дизајнерите сметаат дека твојот вкус опаѓа и дека имаш помалку пари да потрошиш. Квалитетот и изработката најчесто се многу лоши. Да најдеш добра маичка или прави панталони од добар материјал е речиси невозможно. Големите броеви најчесто се многу евтино изработени и изгледаат премногу младешки или неверојатно старски," изјавила Меккарти во интервју за Redbook магазинот.
Анализата на НПД груп, компанија за истражување на пазарот, покажала дека 63% од жените со прекумерна големина сметаат дека ним им е потешко купувањето алишта, отколку на оние со регуларни димензии. Проблемот со големите броеви постои и покрај тоа што околу 60% од американските жени имаат прекумерна килажа, а просечната тежина на жените во земјата е 75 килограми.
Што се однесува до Меккарти, таа на Оскарите се појави во фустан на Марина Риналди, а за понатаму и за сите со сличен проблем, актерката започна соработка со дизајнерката Даниела Перл, со која ќе пуштат линија на стилска облека со големи броеви.