Една од најзабележливите промоции на угледната технолошка конференција SXSW Interactive во Остин, Тексас била тоалетна хартија.
Ролни насекаде, хартиени бришачи за раце, хаштаг #Letstalkbums", дури и специјален лаунџ бар во кој производителот на хартијата ги прашувал луѓето "По кој наш производ би именувале оперативен систем?"
Зошто еден производител на тоалетна хартија би сакал да е толку видливо присутен на конференција за технолошки иновации?
Затоа што технологијата е кул.
Многу не-технолошки компании денес се шлепаат на таа идеја. Компании за енергија, за газирани пијачки па ете и за веце хартија се надеваат дека извикувајќи "Иновативно!" би можеле да звучат како Стив Џобс во нивните индустрии.
И политиката не е поштедена од овој тренд па експертот Френк Лунц ги советуваше Републиканците кога се намамени на на тема климатски промени, да ја сменат дискусијата кон иновациите и технологијата.
Значи, #Letstalkbums.