Во Лондон на улицата Реџент избија тепачки меѓу луѓето кои со часови биле во ред пред продавницата. Во Париз муштериите извршиле упад во Ејч&Ем, однесувајќи се како за време на некои од најголемите немири во градот.
Слични сцени на хаос има и во продавниците на брендот во Полска и Дубаи, каде толпите се борат со обезбедувањето и се туркаат да минат под заштитната мрежа само за да влезат во продавницата.
За разлика од нив во Сиднеј купувачите минале и до 20 часа во ред, чекајќи на дожд само за да можат да купат од Балмен колекцијата. Во Сингапур, дел од купувачите чекале околу 3 дена во ред. Шампионите во чекање доаѓаат од Сеул, каде колоната почнала да се прави уште пред една седмица.
Тоа што орди купувачи ги запоседнаа продавниците на Ејч&Ем не значи дека Балмен колекцијата се продава евтино, тие пак се поскапи од регуларната облека на компанијата а одредени парчиња достигнуваат цена од околу 500 долари. Облеката (на пример фустан) од регуларната, не Ејч&Ем, Балмен колекција достигнува цена од околу 5.000 долари.