Полна бразилска грмушка е навидум контрадикторен термин со оглед на тоа што бразилската депилација подразбира комплетно отстранување на влакната. Овојпат, со восок се остранува сè освен горниот дел, или, како што тоа нутриционистички го опиша Кери Вајсмен од Алтернет "жените сакаат да имаат колаче ама тоа да може да се јаде."
Бразилката во САД беше промовирана уште во во 1987-ма од сестри од Бразил со свој салон на Менхетен. Ѝ беа потребни три години пред да стане апсолутен глобален хит и долго да доминира во светот на женската интима.
Свои фанови имаше и кај познатите, меѓу кои и Ева Лонгорија која своевремено изјави "Секоја жена треба барем еднаш да проба бразилска депилација. А кога еднаш ќе проба, секогаш ќе ѝ се враќа."
Добар дел од жените помислија дека тоа ќе биде нивна доживотна определба па се имаат решено за трајно ласерско отстранување. Својот глас против го дигна Камерон Дијаз која во поглавје на својата книга за фитнес насловено како "Во одбрана на влакната" напиша: "Тоа е како да верувате дека ист стил чевли ќе ви се допаѓаат цел живот."
Инаку, античката бразилка датира уште од стар Египет кога тасма се постигнувала со острици од бронза или кремен. На другиот крај на долгата епоха на интимно фризирање е периодот кога грмушките биле толку во мода што проститутките (избричени заради пицајзли) носеле интимни перики наречени меркини.