Таг: мода

Имам нешто да ти кажам

Денес е ден на мајка ми, а и на мајка ти. Мој, на моите пријателки, на мајките на моите пријателки, на мајка и на мајка ми, на мајка ти стара, молчалива, прекрасна или досадна, зболеста или дебела, избраздена, уморна, болна, распеана, на мајка ти голема, на мајка ти која ти е потпoра, утеха, мелем, сигурност, заштита и среќа. На мајка ти која ти е другар. На мајка ти со која повремено не се согласуваш. На мајка ти која ќе биде многу причини за тоа што си, за тоа што не си и за тоа што ќе постанеш. И на мајка ти која веќе ја нема.

Труба пријател

Шо праиме сега ако статусот не ви е баш-баш дефиниран? Пошто денес е во мода да не се дефинираш. Да не се изразиш премногу категорично. Да си стоиш во некоја фаза на статус кво. Ем си, ем не си. Ем си слободен, ем не си дотолку. Да си се курваш на неколку столчиња. Го имаме зборот - труба пријател.

Модни мршојадци

Надвор од една шведска болница за анорексични се собираат деловни луѓе кои се дојдени по работа. Што работат тие таму? Бркаат неухранети девојки да ги прават манекенки.

Не се сите за сè

Тоа што си гурман, не прави од тебе автоматски добар кувар.

Во Рим Римјанин

Кај и да си, на Велигден во Рим да си.

Моите нови цицки

Супер е што денес може човек да си ги поправи мааните. Мали ти се, ти паднале, не се осеќаш убаво во сопствената кожа, не се осеќаш привлечна, не се осеќаш доволно секси, се осеќаш стара и ги гледаш попреку сите девојчиња или девојки убави и здрави како пупунци, нема гајле. Плаќаш, исто како за нов пар чевли и си имаш две големи прекрасни топчести и тврди-цицки. Ај у пичку матер сите.

Професионална (р)еволуција

Доста се жалиш дека не можеш да најдеш работа. Доста ти е криво сè живо и диво околу тебе. Засукај ги ракавите и мисли. И ако ништо не можеш да смислиш, пак мисли. Ако не можеш на најдеш работа, можеш да си ја измислиш сам/a.

Вруче хлачице

Можеме да поминеме и без да ги знаме имињава кои ќе ги прочитате подолу. Да. Можеме и да ги игнорираме иако ги знаеме. Мене ми изгледа фер кога на нештата им се дава сопственото име без разлика дали се панталони, јадења, предмети или луѓе. Од таа причина, денес, станица панталонски речник. Maжи, стоп тука.

Eспресо лов

Прво, затоа што не е ич клише јас од Италија да ви пишувам за кафе. Второ, затоа што кафето е светско уживање и не познава расни, национални, партиски, полови и верски разлики. Скоро љубов. Трето, добре ве најдов драга публико. Ако немате кафе при раце, подгответе го за случајно да не ви се припие.

Морален дуел

Ова е вистинско невреме да продаваме морални деветини, ама денес сум нешто осетлива и имам морално чувство на одговорност кон читателите кои ги интересира мода да ја чепнам и нејзината грда страна - колку тигри остануваат без дом, колку таа придонесува за глобалното загадување на водата и колку заради неа Амазонија нема шума?

Среќен роденден офф.нет

Честитка: Ајде Трендо, за многу години, сè најубаво и...

И нема да ти посакам оффнет голем да расне, пошто и вака си е таман. А таман е ретка категорија.

Струмица, Виница, Фиренца

Вадам пет денари. И така во рок од дваесет секунди допрев милион стории, стотици луѓе, илјадници настани и отидов во Виница преку Валандово, од Струмица до Охрид и се вратив назад, во Фиренца.

Понеделнички, јуначки

И на цел понеделнички шпринт, кој обично е еднаков на минус два, сабајлето се будиш и заедно со маглата и долгите редици на црвено, ти си мислиш дека денес треба да ја започнеш и диетата која си ја одложувала веќе сто понеделници. Во тие случаи е оправдано да кажеш: "Ебати животот".

Валентино ал италиана

Колумнава завршува со вовед. Ама мене за вакви работи не ме бива.  Денов ќе ви го зачинам на италијански начин, а вие славете како ви одговара. Трифун или Валентин. Или ич не славете. Kaко сакате.

Колку чини животот на запад?

Такси чини повеќе отколку во Париз. Кило тортелини се триеспет евра кило, a aко на некој му се пријаде цреши на Божиќ, има. И тоа има, за цена од триесетиосум евра кило. Еден коктел е од четири до дванаесет евра, а грам кокаин стотка. Книгите се вистинска привилегија, а забарите се крадци пар екселанс. 

Ај да се смениме

Уште однапред, трампам мала розева Миу Миу за црвена школска ташна. Ја сонував една ноќ, ама нигде да ја најдам. Кој ја има и ја дава нека ме контактира да се смениме.

Телефонски недоразбирања

А ти се осеќаш ко првокласна гуска и се прашуваш во кој дел си згрешила, ако воопшто си згрешила. А можда нигде не си згрешила: од вообразени копилиња без манири кои си се сметаат за господа (плус големи љубовници), светов можеме со лопата да го ринеме.

Скопје виа Тревизо

Се нервирам и се мислам дека не е фер да си роден во толку ексклузивно место. Скопје е изгор скапо. Скопје е мета за богаташи. Ебем му матер, да леташ Милано - Њујорк е поефтино. Сè додека, еден ден, живи радости. Вовеле ефтин лет до Скопје. Конечно цената да одиш дома не се наплаќа со камата.

Крос дресинг

Доаѓаш дома од работа. Куќата е тивка и ти мислиш дека нема никој. Одиш накај спалната соба. И маж ти е таму. Ги ококоруваш очите, подзинуваш и се мислиш дали е попаметно да пуштиш глас или да се напраиш на тошо. Не. Никакво клише. Не гледа фетиш порно филмови и нема јак секс со комшиката од карши. Не. Едноставно си се дотерува. Со твоите хулахопки, твојот прслук и твоите гаќички, во твоето мини фустанче. Од глава до пети облечен во твоите алишта. И не. Не е никаква заебанција.

Што има тука за славење?

А на први ќе ги видиме истите водителки од секогаш кои ќе ги кажат истите работи, телевизиите ќе бомбардираат со ништожни емисии полни со насилно славеничко расположение, некоја петарда пукнала кај што не треба, сообраќајкa на пијано, весел плоштад од претходната вечер, Виенски концерт, па пораки и телефонски ѕивкања, остатоци од храна од вечерното славење, остатоци од мамурлук и од несеќавање. Има ли поглуп ден во годината од први јануари?

Мешана Божиќна приказна

Кога си мешан, мешан си на сите начини. Збориш два јазици, славиш различни слави, познаваш повеќе начини да го зготвиш истото јадење, а на крајот единствените празници што ги славиш без разлика од чија си, се оние кои се празници во местото во кое живееш.

Состанок на слепо

А зошто ние жените да не го признаеме тоа? Дека не баш малку мислиме на нив. Дека ни е убаво, и кога трае предиграта и кога ги имаме во раце. Во последно време ги има и онлајн иако традиционалниот начин има свои предности. Сите оние работи кои можат да се набават во шопинг.

 

Кога другарка ти е трудна

За цел свет, таа е само уште една бремена жена. Но, не и за мене. Јас се превиткувам од среќа. Брзо и зборам сè што ми паѓа на памет. Што се може што не се може. И посакувам да спие, да биде размазена, да го покажува стомакот што може повеќе. Да не купува глупи труднички алишта и да се прикрива. Туку да биде прчла зашто во следните девет месеци важи пута два.

Како се сексаат Македонците?

Дали и кога ќе ни ги отворат рампите во Европа, не е прашање кое на било кој начин ме трза. Ама, многу често кога се будам од сабајле се мислам, во случај да не примат, како Брисел ќе го нацрта сексот на македонскиот народ? Вие знаете ли како се сексаат Македонците?