Кога другарка ти е трудна

За цел свет, таа е само уште една бремена жена. Но, не и за мене. Јас се превиткувам од среќа. Брзо и зборам сè што ми паѓа на памет. Што се може што не се може. И посакувам да спие, да биде размазена, да го покажува стомакот што може повеќе. Да не купува глупи труднички алишта и да се прикрива. Туку да биде прчла зашто во следните девет месеци важи пута два.

Најголем дел од информациите кои ги примам во текот на денот ме оставаат емотивно рамнодушна. После, има лоши и добри вести кои некако ме допираат. После тоа има некои заради кои радоста скока од петици.

Другарика ми Дарија. Приказната личи на многу други: заедно се кратко време, се сакаат, многу се сакаат, и си викаат : "А да си направиме ние едно дете?" Така посакуваното дете станува прекрасна причина да се сакаш уште повеќе.

Одиме на пиво во "Ла Тигре". Почнувам еден долг монолог кој ечи низ празните улици. И зборам она што нели една совесна другарка од срце би кажала, зборам без влакна на јазик, без пардон.

"Немаш потреба да брзаш. Па добро, не сте биле ни на одмор заедно. Не знаеш ни како е да живееш со него. Не знаеш ни каков вкус за филмови има. Дали чита, дали има лешови скриени во орман, не му ги знаеш ни пријателите."

...Молк

"Добро Дарија, ни во кино не сте биле заедно. Не знаеш ни дали јаде пуканки или се натовува со гумени бонбони и кока кола. Ни на викенд не сте биле. Чекај барем до пролет, нели се договаравме да одиме во Лигурија заедно, не заебавај. Не знаеш ни каков е кога е напизден, кои му се фрустрациите, кои му се страстите во живот, aко уопште ги има. Ти живееш сама веќе десет години, сети се само колку е тешко да имаш цимерка, а камоли некој на кој треба да му диплиш блузи и да му переш чорапи?"

"Да, во право си", тивко ми одговара.

"Имате и логистички проблем, ти овде, тој таму. На тоа не мислиш? Спремна ли си ти сега да си ја оставиш работата, градот, станот, животот од изминативе десет години? Добро, памтиш ли колку се окози да ја најдеш оваа работа? Плус ќе треба да се отселиш и да живееш во иста куќа со неговите. Кланска зедница бејби, немој вака да ме секираш. Ќе соживееш со свекрва која многу ќе сака да ти биде мајка, а никогаш нема да ти стане. И што ќе знае сè повеќе и подобро од тебе. И што ќе те учи како треба со син и и со внук и?"

"Да, да". Слушам како одговор.

"Еееехеј, има време. Кај си се залетала? Сè во свое време" дрндам ли дрндам, мачка да ми го изеде јазикот.

После некое време, се уразумувам. И викам дека не постои ниеден друг поличен избор од тоа да сакаш нечие дете. И дека сè поединечно е прекрасно, само малку да причека. Толку убаво нешто, сепак не може да биде погрешно, си мислам.

Влагаме во "Ла тигре" и Молкот се мушнува низ врата позади нас. И додека јас се занимавам со мојот нов задоцнет роденденски подарок, му се восхитувам на новиот везен градник од Ла Перла, ми вика дека во основа на цел мој муабет имало некаков проблем.

Дигам глава, ја гледам во очи.

Молчам. Чекам.

"Веќе сум трудна."

Почнувам да викам, да скокам да ја гмечам, да ја бацувам. Дарија е трудна. Се чувствувам малку магаре за се што и кажав додека таа кутрата кружела од околу обидувајќи се да ми ја каже новоста. Плачам. И викам, големо такво јас што мислам. Или било кој друг.

Дали го познаваш три месеци, три години или повеќе, во секој случај да одлучиш да бидеш со некого и да му родиш дете е често прашање на лотарија. Ил иде ил не иде. Или иде, па после не иде. Или иде иде и еден ден кврц, не иде ни горе ни доле. Како ќе ти ce падне. И кој може на некој друг да му го пипка интегритетот и да збори што за кого е право и во кој момент е право. Каков кретен што и кажав сè она што и кажав. Каков дибек си Емили, си мислам.

Дарија е трудна. А јас и зборам за тајминг. Дарија е трудна, а јас мрчам. Ја гледам и во истиот момент сфаќам дека нејзе ја боли уво за цел мој муабет. Она е трудна и тоа и е најважно, останатото нема значење.

Таа среќна. Тогаш и јас среќна.

За цел свет таа е само уште една бремена жена. Но, не и за мене. Јас се превиткувам од среќа. Брзо и зборам сè што ми паѓа на памет. Што се може што не се може. И посакувам да спие, да биде размазена, да го прчи стомакот што може повеќе. Да не купува глупи труднички алишта и да се прикрива. Туку да биде прчла зашто во следните девет месеци важи пута два.

Се враќам доцна вечерта, чувствувам само среќа. Од оние среќи што само за малку луѓе можат да се родат. Во деновите што следат не постои ниедна светска катастрофа што успева да ми го заебе расположението. Што и да ме мачи, ми поминува само кога ќе помислам дека Дарија е трудна. Одам по улица, си зборам сама со себе, певуцкам и потскокнувам. Кога ме гледаат наопаку, се вртам и им викам дека другарка ми Дарија е трудна.

Додека Матео ми ја бацува сенката на ѕидот, си мислам уште колку пати "трудна сум" ќе ме избезуми. Мислам на Кика, па на Ана, на Карлота, на Ели, на Нина, на Мара, на Иларија, на Бети и Сами. За сестра ми веројатно ќе го изгубам чувството за разум.

Навечер, пред да заспијам, помислувам како е денес. Ја мислам постојано. И го љубам стомакот во мислите.

Радости прекрасни.

Заспивам отежната од среќа. Дека другарка ми Дарија е трудна.

Остатокот има помалку значење.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

3 декември 2012 - 22:36