За овој бесрамен ритуал јавија локалните весници опишувајќи го секојдневниот призор во кој скаути од модната индустрија вртат ово дворот на огромниот стокхолмски центар за пореметувања во исхраната барајќи идни ѕвезди на модните писти.
Новинари сведочеа како бизнис картички им се делат и на 14 годишни пациентки и како скаутите се обидуваат да интервјуираат девојка која е толку изнемоштена што се движи со количка.
Ова испраќа дополнително лош сигнал за модниот свет врз кој долго време виси обвинувањето дека ги принудува моделите да бидат слаби на штета на нивното здравје.
Се проценува дека 40 проценти од манекенките страдаат од некакво пореметување во исхраната како што се анорексија или булимија. Еден од пет случаи на анорексија завршува трагично а процентот на оние кои никогаш не успеваат докрај да го решат проблемот е огромен - меѓу 60 и 70 проценти.