Телефонски недоразбирања

А ти се осеќаш ко првокласна гуска и се прашуваш во кој дел си згрешила, ако воопшто си згрешила. А можда нигде не си згрешила: од вообразени копилиња без манири кои си се сметаат за господа (плус големи љубовници), светов можеме со лопата да го ринеме.

Дрин дрин, вотсапот не престанува. Tрчање до Сан Лука, вечера со Франческа, организација на женска вечер. (Сите едвај чекаат да излезат без мажи). Супер.

Во вторник ќе оговараме, а и сигурно ќе слушнам некој нов лошотилук на некој неостварен љубовник. Некој кој утредента, на пример не се јавил и ние како змии ќе отвориме тема: "Зошто не се јавил?"

Сакаме да ги знаеме сите детали. Како се запознале, колкав е, што прави, кога си размениле број, кога се слушнале, што и пишал и на крајот нормално каков е во кревет. Откако сè ќе си кажеме, почнуваме да разглабаме зашто сега после ова идењево во кревет (за кое другарка ми вика дека било супер, пошто ако не било, темата ќе беше како да се отарасиме од дотичниот) тој испарува. А на почеток те барал, сте се слушале и гледале, четувале и што знам јас што друго. (Нормално, сценариово не може да ги опфати и да ги земе во предвид сите наши приказни, имповизирам.)

Денот потоа. Го нема.

И тогаш ќе ја трескаме главата од ѕид прашувајќи се дали тоа мажите ставарно мислат дека ако утредента останат во темнина и тишина се поголеми ебачи. И дали мислат дека сме толку глупи за некој повик или за смотана порака да се уфилмаме дека ќе не запросат? Повик бре еј, тоа е галантен гест, не е никаков знак на слабост. Никако да се помирам со овие денешни контрадикторности: делиш со некој нешто најинтимно, разменуваш секакви течности и влажности и утредента треба да чекаш ко утка да ти се јави. Или држиш инает, како тоа да ќе го смени фактот дека сте си размениле све и свашта. Како за него да се брои помалку отколку за тебе.

Понекогаш затоа, јас им викам да им се јават тие. Не за друго, туку за да не ја играат глупата игра: тој треба да се јави- не, јас никако не се јавувам-ако не ми се јави он, ја сигурно нема да му вртам-а бе ајде кој го ебе. Па после ќе си ги јадат лактите и ќе висат на фејсбук следејќи ги неговите лајкови и коментари, безнадежно надевајќи се дека меѓу редови ќе си се најдат во нешто. (А на фејсбук и да нејќеш ќе си се најдеш во нешто, макар и мало и банално доволно за да помислиш дека е прекрасен.)

Што е битно кој ќе крене телефон? Mене не ми е. Ама битно е. Пошто во малограѓанскиот стрит речник (и на италијански) жената му дава на мажот. Што му дава тоа она на него што он нејзе не и дава, и тоа никако да укопчам. Во мојот речник се ова се вика размена: ти мене ја тебе. Проста математика е мојата.

Следи делот: "Ама ми прати ваква порака, ми пиша во чат на фб, ми кажа дека ме посакува (тек ова е ептен оригинално, никој не го кажува во таа предембрионална фаза, нели?), ми кажа дека му е убаво со мене (и ова е многу инвентивно) јас мислев дека..."

Е така, драга, сè тој убаво ти кажал ама биди паметна и не летај нигде. Тоа се сите оние спремни фази кои и ние си ги имаме, не да ги немаме. ("Имаш многу убави раце" и сл.)

За тој дел го вадам цитатот на татко ми: "Маж ќе ти го направи филмот додека не те однесе во кревет. После тоа Еми, може ќе ти се јави, еднаш, а може и повеќе пати. Ама може и ич да не ти се јави. Се додека не те легнал. После тоа на маж му се мењава филмот." Ова истово преведено на јазикот на мајка ми е: "Ти пиша рецка".

Пошто сум доста фер, треба да прецизирам дека во сите возможни хипотези и претпоставки зашто типот не се јавил, меѓу нас жени ги има и оние најглупите: немал време, нешто му се десило, му умрело кучето, мајка му е во болница, го отпуштиле од работа, ама никогаш, никогаш не ја вадиме на глас и онаа сосема возможната: ти го наппраил фимот, те излажал како што треба (а ти си направила од тоа замоци од карти) сте биле во кревет. Тој сопствената фантазија си ја допрел со раце ама... Не си му ќеиф. И тоа е тоа. После тоа не ти се јавува. Па и ја не би се јавила.

Ама, ова ние секогаш го игнорираме како опција.

Откако го цитирам татко ми, па за да ги насмеам се обидувам да им преведам што е рецка станува малку непријатно.

После вакви муабети ќе бидаме малку несреќни пошто све бре брате на нас е истурено: Тој ти го напраил филмот, тој те легнал, ти побарал (а ти офморимајко си му дала) и на крај ти пишал рецка и како шлаг на торта не ти ни се јавил. А ти се осеќаш ко првокласна гуска и се прашуваш во кој дел си згрешила, ако воопшто си згрешила. А можда нигде не си згрешила: од вообразени копилиња без манири кои си се сметаат за господа (плус големи љубовници), светов можеме со лопата да го ринеме.

И на крајот нема да ти биде криво зашто тој е љубовникот на твојот живот, и подобар од него нема да сретнеш, таман работа. Нема ни да ти биде криво што сте биле во кревет, пошто ти нишо, ама баш ништо не си му дала, туку во иста мера си зела тоа што во моментот ти се земало. Нема да ти биде криво ни за рецката. Единствениот мотив заради кој ќе ти биде жал е што си поверувала и што си замислила дека е различен. А тој скот од прва лига. И неизбежно ќе се осетиш глупава (многу глупава) и тоа е најтешкиот дел. Да се помириш со тоа дека сè било во твојата глава и никаде на друго место. Единствената утеха и лек антигуска ти се леш-пораките од пред тој ден заради кои се самоутешуваш дека сепак за да се качиш на авион ти е потребен билет, како што викаат тука. Не си играла сепак, до толку сама.

Затоа, гордо стоејќи зад себе нема да му се јавиш ни ти. И ќе поминат денови, седмици и можда и некој месец.

Можда ќе се видите во некое кафуле, на автобуска, низ град, по улица кај и да е. И кој знае, можда ќе дознате зашто не се јавил. И после кој знае што ќе се деси. Крајот на текстов направете си го сами, во зависност од вашиот ентузијазам.

Така, гледајќи по луѓево кои денес (не) се  заедно, кои денес се само љубовници а утре сопружници, кои прво се мразеле па завршуваат поинаку, кои се посакувале до немај каде ама си го згрешиле тајмингот, гледајќи низ приказниве околу мене, неизбежно помислувам колку многу љубови никогаш не започнале заради телефонски неповици, заради нешто недокажано, преќутено или погрешно протумачено. Колку многу се изгубиле поради страв или заради што некој нема муда. А од сите овие недоразбирања градот врие од љубови кои завршиле уште пред да почнат.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

23 јануари 2013 - 14:42