Не е само сè горенаведено, туку и ги вметнаа во Харперс Базар, ги носеше Никол Кидман во октомври, а Трејси Елис Рос во ноември. Во Вог ги облече Каја Гербер, па Лорди, за на крај да ги носи Сара Џесика Паркер на насловна во декември.
TheCut прашува: Нели требаше да бидат откажани до сега? Светот е веќе запознаен со нивните проблематични лични вредности и непостоечката волја да се извинат за нив. Сепак, цело време им се простува, а преживувањето на компанијата и покрај отпорот на социјалните мрежи е вредно за истражување за секој оддел за менаџмент со кризи. Покажува како Долче и Габана, благодарение на нивните длабоки џебови, успеваат да со нивниот статус на полу-одметници да привлечат луѓе кои инаку не би се сметале за вредни за внимание и да ги направат свои инфлуенсери.
„Според мене, никогаш не ни заминаа,“ вели модниот писател и дизајнер Хозе Криалес-Унзуета. „Само стануваат посилни затоа што имаат многу добри стратегии и не се потпираат толку на основачите, туку на славните. Денес не можеш да видиш цитати од Стефано или Доменико така често, бидејќи тоа и им направи проблеми. Гледаш што имаат да кажат само преку моменти со славни личности или моменти од поп-културата.“
„Некои во модната индустрија почнуваат да соработуваат со црни уметници и цедат што е можно повеќе од нивниот имиџ, но потоа не ги ставаат во кампања или во први редови на ревија,“ вели талент-менаџерот Кендал Вертс. „А Долче вика, сакаш да ми бидеш гостин на ревија? Важи, ќе ти платам. Ти сакаш? Важи, донеси уште девет души. А ти? Ќе те третираме како ѕвезда, како што и си.“
Да се потсетиме: Во 2012, Долче и Габана на ревија пуштија „блекамур“ обетки, како омаж на сицилијанската култура, без разлика што таа култура му е без осет на светот. И не се извинија. Во 2015, Долче коментираше против геј-родители („Единственото семејство е традиционалното.“) и за ин витро („Деца од хемија“), па Елтон Џон повика на бојкот. Долче се извини, Елтон Џон му прости, па една година подоцна, ставија родители од ист пол на ташни. Во 2016, на сајтот со цел памет ставија сандали со име „робовски“, а продолжија и да ја облекуваат Меланија Трамп. И се тужат со Диет_Прада.
Во 2018 повторно имаше беља: реклама со кинеска манекенка што пробува да јаде италијанска храна со стапчиња. Рекоа дека се спремале за прикажување на нивната љубов кон Кина, но многу Кинези се навредија од тоа. Габана одмагаше со расистички изјави на Инстаграм (за што подоцна рече дека го хакнале).
Сепак, многумина продолжуваат да го подржуваат брендот. И тоа такви што јавно кажаа дека ќе ги бојкотираат. И ова не затоа што не им е гајле - има и практични причини: ДГ сè уште прават по мерка за црвен тепих и имаат плус-сајз, а облеката сè уште зрачи со гламур.
Еден моден уредник, Тајлер Мекол, вели,
„Знаеме како да препознаеме проблем, како да го истакнеме, знаеме како сите да дознаат дека нешто е проблем, но нема правила или мапа за човек да проба да ги измазни работите. Како крајноста за одредени луѓе да е - да бидат ужасни засекогаш.“
ДГ покажува дека тоа едноставно може да не е важно. „На компаниите не им е до социјални промени, туку до правење пари,“ вели модниот новинар Јуџин Рабкин. „На некој начин, Долче и Габана се поискрени; како да сакаат да кажат, ние ќе продолжиме да работиме мода и ќе ја продаваме и тоа е наша работа. Имаме едно лудо американско уверување дека можеме да си ги решиме проблемите со шопинг, а светот не функционира така.“