Стефано Габана и Доменико Долче, и покрај нивната контроверзна историја, како да се имуни на последици, особено такви на какви што сме навикнати во последно време. Во Вог имаше и наслов: „Дури ни апокалиптично невреме не може да го откаже шоуто на Долче и Габана“, а во Ел рекоа дека имало „изненадување со виножито што го обои небото“. Харперс Базар рече дека било „епско“.