Долче и Габана бараат над 600 милиони долари оштета од Диет_Прада

Поднеле тужба и би сакале Диет_Прада да им ја покрие претрпената штета во продажба и слично со над половина милијарда.

Двајцата блогери од Диет_Прада на својот крајно популарен профил истакнаа анти-азијатски изјави на еден од двајцата дизајнери кои доведоа до бојкот од страна на азиските потрошувачи.

Тужбата е поднесена во Милано на граѓански суд во 2019 година, но во јавност дојде дури минатата недела кога Диет_Прада објавија на нивниот профил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Италијанските адвокати на одбраната поднесоа приговор дека Италија не е државата во која спорот треба да се одвива, бидејќи блогот е американски, а штетата е во Азија.

Модната куќа бара 450 милиони евра потрошени за да се опорави имиџот на брендот од 2018, и оштета од 3 милиони евра за брендот и 1 милион за Габана кој ги даваше проблематичните изјави. Дополнителни 8,6 милиони им се потребни за да се покријат за едно шоу во Шангај и уште 89,6 милиони долари изгубени поради бојкотот во Азија од ноември 2018 до март 2019.

Инаку, проблемот потекна од кампањата „ДГ ја сака Кина“ и рекламата каде што „стереотипна“ азијатка се труди да јаде италијанска храна со стапчиња.

Патем, на Стефано Габана не му е прв пат да не им ќути.

8 март 2021 - 12:34