Адел се појави на натпреварот меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс заедно со партнерот, спортскиот агент Рич Пол и беше облечена во згоден кафен блејзер од кожа и исти такви панталони од Алтузара. Над тоа - волнен Луи Витон капут, и тоа толку добар и толку добро искомбиниран, што ти доаѓа да му простиш дека е со монограм.
Инаку, со Рич Пол се официјално заедно од септември, кога сподели слика со него на Инстаграм. Последниве месеци е нонстоп зафатена со промовирање на албумот 30 и како што кажува, албумот е нарација на процесот на „лечење“ по разводот со Сајмон Конеки.
„Албумот е тој пријател што, што и да се случуваше, ме проверуваше иако јас ‘не му се јавував’ затоа што бев комплетно конзумирана од тага,“ напиша во една порака до фановите. „Одново ги изградив мојата куќа и моето срце оттогаш, и албумов раскажува за тоа. Домот е таму каде што ти е срцето.“