Неговите иновации надминуваат дизајн на облека; бил и еден од првите што користел неконвенционални материјали како пластика и винил и го направил првиот моден филм. Заслуги му припишуваат и за измислувањето на тангата.
За конструкција на облека учел кај тетка му и тетин му во дуќан за облека во Виена, но длабокото разбирање за човечката форма дошло од неочекуван извор: откако емигрирал во САД на 16, првата работа му била подготвување лешеви за аутопсија во Лос Анџелес. Потоа студирал мода на градскиот колеџ и во уметничкиот центар во Лос Анџелес. Кратко работел како костимограф во Холивуд, пред да одлучи да се обиде сам и животот му се придвижил во неочекувани правци.
Почнал да произведува сопствени парчиња во ’50-те, со желба да креира уникатен стил кој ќе се одвои од париските модни куќи кои ги диктирале најновите стилски трендови. Работел и плетено и сакал да ја отфрли скапата, висока мода, со една одлука без преседан во 1966 - да продава авантуристички и неконвенционални парчиња во продавницата Монтгомери Ворд.
По бегството од нацистите, Руди сè уште имал трауматични сеќавања од живеењето под опасниот режим. Како дел од општествените и здравствените правила, Третиот Рајх меѓу другото забранувал голотија, па Гернрајх посветил многу време на дестигматизирање на срамот што доаѓал со асоцијацијата на тело. Неговите дизајни ја следеле природната женска форма и навивале за сексуална слобода.
Креирал долна облека за жени инспирирана од машка гардероба и преферирал да ги прикажува неговите креации без градници, што довело до дизајнот „No Bra“ vo 1964. Со користење проѕирен материјал, конструиран без жици, градникот бил направен да не „дави“ и бил драматична промена од градниците во форма на куршуми од ’50-те. Ова било предзнак на опуштената долна облека што допрва следувала.
Гернрајх никогаш не престанал да експериментира и да ја шири својата креативна работа - почнал и со детали за уредување домови, а подоцна и со иновации за рецепти за супа (студена супа од црвена пиперка што се служи ВО пиперка, со додадена лажица кавијар). Умира во 1985, но неговиот опус и понатаму има влијание, особено кај дизајнери како Хелмут Ланг, кој го има популаризирано фетиш-изгледот во мејнстрим модата. Пеги Мофит соработуваше со јапанскиот дизајнер Реи Кавакубо во 2003 за враќање на некои од креациите на Гернрајх под брендот што Кавакубо го има со Ком де Гарсон, а во 2017, Музејот на современа уметност во Њујорк отвори прва модна изложба во 70 години со неговите футуристички дела на Гернрајх.
Како што има кажано самиот Гернрајх:
„Луѓето ќе пробаат да кажат дека сакам жените да изгледаат мажествено. Според мене, единствениот начин да почитуваш жена е да ја направиш човечко суштество. Тотално еманципирана жена што е тотално слободна.“