Три збора за да се опише твојот бренд?
-Работи што ни требаат… Едвај над 3 збора.
Пет парчиња што жена секогаш треба да ги има во плакар?
-Бела или црна свилена блуза е безвременска. Добро скроен блејзер или сако, пар фармерки, фини чевли и љубовник.
Најважниот совет за стил?
-Отстрани сè што може да биде отстрането.
Моден грев што никогаш не смее да се направи?
-Да носиш премногу логоа за да покажеш дека тоа што го имаш е скапо.
Твојот стил, на кратко?
-Кежуал, софистициран и без напор.
Изглед што те дефинира?
-Тегет сако и бели фармерки.
Како да не претераш за вечерно излегување?
-Избери рамни чевли, не само за да не страдаш, туку и за да танцуваш, да одиш од забава на забава… И затоа што тоа нè орасположува и нè прави среќни.
Кои ти се тебе икони на стилот?
-Џејн Биркин, Кетрин Хепберн и една моја сосетка, многу фина, но не многу позната.