Како што се ширел трендот меѓу машката аристократија во 17 век, чевларите се соочиле со предизвик одново да го осмислат дизајнот што никогаш не бил ни смислен за одење пешки.
Но, ако не бил за пешки, тогаш за што бил? Ако вратиме назад на претходниот век - персиската војска ја праќала својата коњаница да ја порази Отоманската империја во штикли, не како тактика за шокирање на непријателот, туку како начин да им се подобрат можностите за битка.
„Кога се исправал војник, штиклата му помагала да се стабилизира за да може да стрела поефкасно,“ објаснува Елизабет Семелхак во музејот за чевли Бата, во Торонто.
Потоа вкусот за егзотична персиска мода си наоѓа пат до Европа и иронично, богатите аристократи (мажи) почнале да ги прифаќаат чевлите за јавање со висока штикла, во обид да изгледаат „помажествено“ и „воинствено“ (најозбилно!). Висината на штиклата била претерана, се користела скапа црвена боја демек, да асоцира на војна и многу брзо, сето ова станало врв на мажествената мода.
Жените едноставно само се приклучиле на ова кон средината на 17-от век и еден тренд на андрогино облекување што се провлекол, копирајќи машки стил на облекување, за и тие да си го направат изгледот помажествен. Нема врска што чевелот бил тотално непрактичен за пешачење од точка А до точка Б. Богатата аристократија не ни била позната по потење по калливите европски патишта во 17 век.
И зошто мажите престанале да ги носат, ако биле некогаш толку модерни? И што е поважно, зошто жените не престанале? Главната причина лежи во непрактичноста - со Ерата на просветлувањето дошло и прифаќањето на рационалното и отфрлањето на привилегијата во корист на образованието. Мажите се откажале од таквото детално дотерување и избрале да бидат попрактични, поедноставни и функционални, речиси наизглед спремни за физичка работа на сопствените огромни имоти заедно со послугата. Со тек на време се случува Големото машко одрекување, историски феномен кој ги поставува темелите за машката мода во вековите што следат.
Значи, фрлање на штиклите, шарените ткаенини и класната нееднаквост, а добредојде за униформните црни костуми, демократијата и буржујската етика. Со ова почнува да страда и индивидуализмот во машката мода.
Жените накратко ги имаат фрлено штиклите, при почетокот на Француската револуција и се имаат фокусирано на попрактична мода, но не траело така долго. „Жените, наспроти ова, ги гледале како емотивни, сентиментални и необразовливи,“ објаснува Семелхак, што во основа е и историско објаснување на тоа зошто жените продолжуваат да ги носат „будалестите“ штикли, а мажите не.
Како тогаш стигаат од алатка за опресија до секси додаток на изгледот? Семелхак смета дека порнографите од средината на 19 век им го даваат сексапилот на штиклите, сликајќи голи жени во штикли за „мрсни“ викторијански разгледници.
Ботом лајн - ништо од ова не значи дека треба да престанеме да носиме штикли. Значи само дека имаме објаснување зошто штиклите и дотерувањето се врзуваат со празноглавост - затоа што ни е впишано во колективната свест со векови.
Носете си, и гледајте да бидат удобни. Што значи, за жал, никако Лубутан.