Таг: лубутан

Историјата вели дека штикли носиме затоа што сме идиоти

Штиклите не требало да ги носат жени. Всушност и Лубутан се инспирирани од трендсетер за оваа обувка од пред неколку векови - и гледајте како не напишавме трендсетерКА - затоа што е Луј XIV. Не неговите жени. Донел и закон според кој само членови на неговиот двор смееле да носат штикли со црвени ѓонови, со тоа овозможувајќи да може да се препознае кој му е близок на кралот, а кој не (што не е ни далеку од концептот на Лубутан денес).