Таг: штикли

Историјата вели дека штикли носиме затоа што сме идиоти

Штиклите не требало да ги носат жени. Всушност и Лубутан се инспирирани од трендсетер за оваа обувка од пред неколку векови - и гледајте како не напишавме трендсетерКА - затоа што е Луј XIV. Не неговите жени. Донел и закон според кој само членови на неговиот двор смееле да носат штикли со црвени ѓонови, со тоа овозможувајќи да може да се препознае кој му е близок на кралот, а кој не (што не е ни далеку од концептот на Лубутан денес).

Британскиот синдикат побара од премиерката да се симне на земја

Трговскиот синдикат на Велика Британија апелираше Тереза Меј да престане да носи високи штикли за да биде пример на другите жени дека не мора да им удоволуваат на очекувањата на мажите. 

Мажот што сака да ги учи жените како да одат на штикли

Затоа што му е жал да гледа како девојките се измачуваат да одат по нерамни тротоари, преку шахти или издупчени улици, дизајнер од Њујорк зема на сопствена одговорност да ги учи жените како да одат на високо.

Што е професорка без штикла?

Потенцијалните просветни работнички во Таџикистан како дел од својата обука ќе имаат и навикнување на носење штикли, кои од сега па натаму се задолжителни за нив.

Не е срамота да лажеш, срамота е да немаш Лобутин

Продажбата на две нијанси на црвена боја во Лондон бележи раст од 40% откако жените открија како можат и самите да направат Лобутин штикли.

Националноста по штиклата се познава

Чевли се магично поврзани со самопочитта на една жена, на начин на кој ниту еден психолог го нема детално истражено. Сега се обидуваат да ја дефинираат поврзаноста меѓу штиклата и нацијата.