Часот по одење на штикли чини 50 долари (и трае толку - еден час), а го држи поранешниот дизајнер на Рибок и Угг, Виктор Чу. Според него часот кој е направен во формат на работна група, која ќе им помогне на жените полесно да се снаоѓаат на урбаниот терен низ Њујорк.
Освен ова, тие ќе научат како да ги вклучат стомачните мускули во одењето, како да прават големи чекори, како да ги одморат колковите и колената и да запомнат да ги истегнат листовите и зглобовите за да не добијат грчеви, и сето ова додеа маршираат на своите потпетици.
"'Жените мислат дека штиклите се секси бидејќи мажите мислат дека тие се секси. Меѓутоа гледаш жени како го носат овој болен израз на своето лице. Сум гледал момци како им се смеат, воопшто не е секси. Поентата е треба да бидеш подготвен за стабилно да одиш на штикли,' објаснува Чу, кој исто така не препорачува да се носат превисоките штикли што се појавуваат во магазините и на модните писти. 'Се што е над 7 сантиметри е стварно, стварно опасно.'"