Единствено Американките купуваат повеќе чевли од Европјанките, меѓу кои на прво место се Французинките. Во просек, жените во Франција купуваат по 6 пара чевли годишно, меѓу нив задолжителни се еден пар тенки штикли (не премногу високи и најверојатно Лобутин), едни балетанки и сандали со отворени прсти.
На второ место (со 5,4 пара) се Британките, чија "поделена личност" веројатно најдобро е преставена од стилот на Кејт Мос. Тие се движат меѓу балетанки, штикли од Маноло Бланик, мокасини и леопард чизми, со каиши и шилци.
Италијанките се веднаш зад нив со 5,2 пара чевли годишно. Кај нив најважното нешто е штиклата, која држи национален просек - 12-ка. Тие го држат и рекордот за купување на вечерни елегантни кондури.
Во Шпанија жените продолжуваат да преферираат еспадрили, и чевли изработени од плута и коноп. Додека во Холандија и Белгија, се избираат комфорни и меки чевли.
Истражувањето е спроведено од spartoo.com, една од најголемите европски онлјан продавници за чевли.