Не е срамота да лажеш, срамота е да немаш Лобутин

Продажбата на две нијанси на црвена боја во Лондон бележи раст од 40% откако жените открија како можат и самите да направат Лобутин штикли.

Според менаџерите на синџирот продавници Homebase, зголемената продажба на двете нијанси на црвената боја на Duracoat "Flame" и "Show Stopper," се должи исклучиво на жените кои сами си прават копии на кондурите на Лобутин.

"Луѓето обично носат со себе списанија, за да ги споредат боите што им требаат за мебел, за тапети или за молерисување, меѓутоа забележавме голем број на девојки кои бараа боја иста како чевлите во списанијата што ги носеа. Исто така ги прашуваа вработените за совети како се фарба кожа или гума," изјавил менаџерот на една од продавниците на Homebase.

Лобутин кој е познат по чевлите со црвен ѓон ( и кои редовно се продаваат за околу 500 евра), дојде на идејата во 1992-ра, кога со лакот за нокти на неговата асистентка го обоил ѓонот на еден пар штикли бидејќи чувствувал дека "им недостасува енергија."

"Купив пар обични црни кондури за 20 фунти, црвена боја и дома ги направи штиклите. Внимателно ги офарбав ѓоновите и ги оставив преку ноќ ги оставив да се исушат. Следниот ден беа готови за носење. Добив еден куп пофалби колку ми се убави штиклите," објаснува една 24-годишна девојка која дома направила свој Лобутин, за на свадба кај братучетка и.

11 јули 2012 - 09:37