Одлуката доаѓа од Педагошкиот Универзитет, чиј ректор го вовел правилото со цел студентките на педагогија да се воведат во ред. За да не се претворат училиштата во конвенција на АVN, максималната висина на штиклите е 10 сантиметри. Освен потпетиците, идните професорки ќе треба да носат и еднобојна облека.
Некако очекувано целата работа создаде драма во државата, а во меѓувреме беше уапсен и еден новинар кој одлучил да разговара со студентките.
Главниот лик во сето ова е ректорот Абдујабор Рахманов, кој претходно додека беше министер за образование го забрани носењето фереџе за студентките и ученичките, и покрај тоа што тој е муслиман како и 98% од Таџикистанците.