Синдикатот бутка еден закон од областа на работните односи со кој ќе биде забрането да се принудуваат вработените на дрес-кодови кои создаваат нерамноправност. Според нив, прва која треба да покаже пример е британската премиерка.
Ваквиот закон произлезе од еден медиумски бучен случај кога рецепционерка од финансиска фирма била вратена дома бидејќи одбивала да доаѓа на работа со високи штикли.
"Нашата нова премиерка можеби е позната по нејзините принтови од леопард, кожните чизми и фамозните чевли на Џими Чус, но ако навистина сака да ја унапреди положбата на жената на работните места може да направи две работи: прво, да воведе рамни чевли во нејзиниот кабинет и второ, да распише избори", смета еден делагат од Синдикатот.
Нивниот закон го поддржуваат и ортопеди кои сметаат дека одредени кодекси за облекување освен што се сексистички, водат и кон долгорочни здравствени проблеми.
Така стои работата со високите штикли. Црните чорапи уште не се дојдени на ред.