Посебна тема на дискусија е едно глупко ланче со peace привезок, што со докази признава дека не го вадела од себе, па со едно незгодно ќе каже дека и во потписи го користела.
Меѓу сликите се појавува и комбинацијата од сукња и маичка од шпицата на „Сексот и градот“. И многу луѓе тврдат дека ја имаат сукњата. Веројатно е супер сукњата за секаде - и за готвење по дома и за кафиња и за диско. Личи удобно.
Има и проблематични. Sирнете го тоа од Прада за САГ наградите, па запрашајте се дали ќе мрднете така надвор, а да не е на базен и тоа од хотел, затоа што е преглупо и за од хотел до плажа. И СЏП знае дека провоцирало коментари.
Зеленото фустанче со (дознаваме дека е) лажна Ермес ташна го носи во време кога е многу трудна и чудо е како не сме забележале порано, затоа што вака на фотографија е крајно очигледно.
Зборува и за начинот на кој работи Ени Либовиц, со која имаат работено на корица за Вог, за невестинскиот фустан од првиот дел (сосе птицата на глава и како на тоа реагирал продуцентот) и за онаа комбинација од „И едноставно така“: