Според велосипедскиот извештај на Копенхаген за 2012-та година, секој километар поминат со велосипед придонесува во општото добро со 25 цента. До оваа цифра е дојдено со комплексна формула која вклучува повеќе елементи како што се транспортните трошоци, безбедноста, сообраќајната инфраструра, брендирањето и туристичките бенефити за градот, трошоците за јавно здравство и друго.
Доколку истите навики за возење се применат на САД, се доаѓа до ќар од 17 милијарди долари годишно.
Околу 35 проценти од вработените во Копенхаген редовно одат со точак на работа а и останатите податоци се импресивни:
- 93 проценти од граѓаните го сметаат градот за пријатен за возење восипед.
- 68 проценти возат велосипед барем еднаш неделно.
- 67 проценти го сметаат Копенхаген за безбеден за велосипедисти (колку би било кај нас?)
Има и велосипедистите кои се жалат дека нивните патеки во градот се претесни и дека ги има малку.
А во градот ги има во вкупна должина од 346 километри!
Заради ваквите навики на своите граѓани, градот од 1,2 милиони жители заштедува околу 357 милиони долари а секој просечен велосипедист придонесува кон општото добро со 300 долари годишно.
Неодамна, една данска министерка јасно порача дека нејзината Влада попорво ќе инвестира во велосипедски патеки отколку во автопатишта.