Таг: велосипеди

Кардио и книги: прва библиотека во која можете да читате додека вртите точак

Библиотеката во Утрехт, Холандија, воведе велосипедски штандови, овозможувајќи им на читателите ем да читаат, ем да вежбаат, ем да си ги полнат мобилните додека вртат.

Ловење точаци во Амстердам

Кога имаш толку многу велосипеди по глава на жител / турист и толку многу километри под канали, невозможно е првите да не завршат во вторите. Ама и бројките на точаци што се вадат од каналите се невозможни.

Гробниците на велосипеди

На хартија речиси и да нема полесна работа од тоа да му изнајмиш велосипед на Кинез на неколку часа, за што и да му треба низ град. Во пракса излезе дека премногу луѓе во исто време ја имале истата хартија во рака.

Точаците им кренаа рачна на автономните возила

Холандија го има највисокото ниво на подготвеност во светот за воведување автономни возила на своите улици и автопатишта, исто така го има веројатно и највисокото ниво на користење велосипеди. Излезе дека овие две работи не се компатибилни.

Возење велосипеди затоа што се „зелени“, е погрешна поента

Треба да се престане велосипедите да се продаваат на екологија и здрава животна средина. Ги возиме затоа што се забавни, здрави, евтини и практични - и затоа што ги нервираат луѓето што возат кола.

Како се стига до огласи „евтино Пинарело, малку возено“

Ако е ефтино и е Пинарело (Бјанки, Сервело, Ес-воркс... што и да е), тогаш или некој лаже или некој краде. Никако не е дека сте имале среќа и сте нашле некој/а што го купил/а и не се разбира што има .

Копенхагизирање на твојот град

Како што цртањето две ленти сред ливада не е решение кога сакаш да создадеш мрежа за автомобилски сообраќај, така и проблемот со патеки за велосипед не се решава со просто исцртување ленти кои најчесто никој не ги почитува, што заради невоспитаност, што заради тоа што одземаат од и онака недоволниот капацитет на улиците или тротоарите. А како што ќе покаже Копенхаген, има огромна ќар од создавање на велосипедски-пријателски град.

Дај да видиме што имаме да научиме од Амстердам за правење град за точаци

Амстердам имаше толку успех во префрлање на луѓето од четири на две тркала, што велосипедските патеки и премини речиси им се затнати, проблем што ги натера целото планирање околу патеките и проточноста да го кренат на сосема ново ниво.

Како Данци стигнуваат до работа или училиште

Математиката е за Копенхаген, без ограничување на сезони или професии.

Аргументи за забранување машки велосипеди

Луѓе што се разбираат во велосипеди и во безбедност, познати како холандски експерти за безбедност во сообраќај, тврдат дека машките велосипеди се поопасни отколку женските заради што под итно мора да се укине попречната шипка меѓу седиштето и рачките.

Холанѓанецот крена глас против клетиот скутер

Заради некаква дупка во законот, скутерите успеаа да им се протнат на Холанѓаните право на патеките за велосипеди, и ова многу почна да им крши филм на уживателите во велосипедската утопија. И не е дека овие безмоторниве се пицајзли, туку се проценува дека во Амстердам има околу 35.000 скутери.

Само да видите колку глупо цртате точак

Треба да е просто, ама не излегува како што треба. Дизајнерот Џанлука Џимини собира повеќе цртежи од точак од пријатели и прави 3Д модели според нив. Пред да им се ругаш пробај да нацрташ точак.

Чувај се - ној на патот

На една од најдолгите велосипедски патеки во светот, Кејп Аргус во Јужна Африка која што се наоѓа во близина на океанот, велосипедисти се спремаат за главната трка кога наеднаш им излегува ној и трча по нив колку што го држи снага. Во еден момент тркачите возат и 70 км/на час.