Позната е опсесијата на Холанѓаните со велосипеди како основно средство за транспорт. Ни Утрехт не е исклучок, всушност градот е познат по мрежата на велосипедски патеки и друга инфраструктура која овозможува безбедно возење. Сега и главната библиотека во градот го овозможува истото, само што „патувањето“ е во место и низ читање.
Мотив за воведувањето ваква опција се последиците од продолженото седење на компјутер или наведнат над книга - ова е начин да се вклучи физичка активност во секојдневните активности, особено за младите.
И ова не е единствениот велосипедски куриозитет во Утрехт. Тука се наоѓа и најдолгата „виножитна“ патека во светот, со должина од 570 метри. Според дизајнерите тоа е симбол кој придонесува кон чувството на инклузивност и радост додека се вози точак, особено кај децата.