Библиотеката во Утрехт, Холандија, воведе велосипедски штандови, овозможувајќи им на читателите ем да читаат, ем да вежбаат, ем да си ги полнат мобилните додека вртат.
Иако сме длабоко завлезени во дигитално доба, се уште ги замислуваме писмата со уцени или други закани составени од единечни букви исечени од весници, секоја со различна големина и фонт. Ваквиот метод не се развил случајно, туку за да ги збуни експертите за ракопис во тајните служби. Истите тие развиле и систем за пронаоѓање на оние кои заканите ги пишуваат рачно или пак печатат пари на домашни принтери.
Во 1971, Исак Асимов испратил писмо - поздрав по повод отворањето на нова библиотека во Трој, Мичиген. Тоа е упатено пред сè кон децата и младите и укажува на важноста на читањето, не само како алатка за собирање знаења туку и за психолошкиот раст и здравје.
Од почетоците на јавниот библиотечен систем, јавниот и отворен пристап кон книгите предизвикувал страв и желба за прочистување на библиотечните полици и на читалните. Ова се однесувало не само на нештата што можат да ги нападнат книгите, туку и на социјално непожелните посетители во самата библиотека.
Како форма на штедење и намалување на отпадот, библиотеките за алати им овозможуваат на членовите да позајмат косилка, тример, пила и други алатки , но и да добијат совети и специјализирани курсеви. За позајмениот алат не се наплаќа, освен годишна членарина.
Станува збор за серија книги започната во поранешна Југославија, позната како „Библиотека ХХ век“, преведени и оригинални дела од теоријата на општествените и хуманистичките науки, која и кај нас за многумина овозможуваше увид во историјата и современите тенденции на овие науки.
Прекрасен објект дизајниран од славен јапонски архитект, во кој може да се позајмат и да се читаат книгите на Мураками, но и да се слушне некоја од донираните плочи од неговата колекција - вкупно 20.000!
Јавната библиотека во Вичита има добар систем. На сметките кои ги издаваат кога некој ќе позајми книга, пишува колку тој заштедил (со тоа што не ја купил книгата). Цифрите се импозантни, секако под услов да си редовен читач.
Зимово ентузијастички напишавме дека на одмор ќе одиме во новоотворената библиотека Ооди во Хелсинки. Како што стојат работите, најверојатно ќе завршиме во „Другарче“. Ама па затоа можеме да продолжиме да читаме што се случува во неа.
Ја составил вонбрачниот син на Колумбо, и со векови никој не знаел каде точно се наоѓа. Сè додека неодамна не искрснала среде збирка на исландски истражувач која се чува во Копенхаген.
Во 2016 пишувавме за тоа дека библиотека во финскиот град Вантаа отвори звучно изолирана просторија со караоке машина наменета за луѓе на кои им е незгодно да пеат во кафана, а сепак сакаат да се издуваат. Но во новоотворената библиотека во Хелсинки има и многу повеќе од тоа.
Ова сигурно не изгледа вака кај нас. Но во Њујорк и други делови на САД распоредувањето на книги за библиотечните ограноци се врши со машина која бара брзи раце и добри рефлекси.
Во библиотеката Форт Вашингтон на Менхетен со години постоел „скриен“ стан, во кои живееле луѓето кои ги полнеле печките со јаглен за загревање на објектот и нивните семејства. Такви станови имало во скоро сите библиотеки во Њујорк.
Во обид да останат релевантни во новото време, библиотеките прибегнуваат кон различни стратегии. Њујоршката доделува грантови за најиновативните предлози на своите вработени, меѓу кои - зајмење облека.
„Инста романи“ е нова иницијатива преку која корисниците на инстаграм можат да читаат книги и на овој начин. За конзервативните како нас ова е тотално непотребно, но признаваме дека убаво изгледа - кориците, на пример, мрдаат, и има музика.
Во средниот век збирка од стотина книги претставувала голема библиотека. Рачно препишуваните томови со верска и правна содржина биле ретки, незаменливи и скапоцени. И имало само еден начин да се обезбеди дека нема да бидат украдени.
На Универзитетот на Комбра во централна Португалија постои богата библиотека. А во неа, помеѓу првото издание на „Римски антиквитети“ на Дионизиј од Халикарнас и збирка книги од 15 век, се населени лилјаци. Со посебна намена.
Следнава читачка вест на денот покажува како изгледа разлика помеѓу сељак и селанец - додека првите затвораат библиотеки, вторите протестираат против ваквата одлука.
Во мај објавивме дека Рокенрол халата на славните во Кливленд, Охајо, бара библиотекар, за да раководи со големата архива од 20.000 книги, списанија, предмети, како и 500 академски дисертации во врска со рок и поп музика. Па, кој го доби местото?
Човекот се вика Хозе Алберто Гутиерез и е чистач од Богота, Колумбија. Има завршено само основно, но неговата библиотека содржи повеќе од 20,000 фрлени книги.