На почетокот на 20 век, Ендрју Карнеги донирал 5.2 милиони долари на Њујорк за изградба на библиотеки, објекти кои денес вредат наjмалку 100 милиони. Овие згради, кои тогаш биле нарекувани Карнеги библиотеки, биле загревани со јаглен. Секоја имала домаќин, кој ги одржувал печките да не згаснат, и кој живеел во библиотеката, често со своето семејство.
Децата на домаќините знаеле да се симнат во библиотеката и да си читаат, а на покривот имале место за играње „школка“. Понекогаш наутро вработените наоѓале нивни заборавени предмети, како во библиотеката навечер да имало духови.
Но од 1970-тите, печките на јаглен биле заменети со помодерни системи за греење, па оттаму веќе и немало потреба некој да живее во становите. Еден број од нив биле реновирани и станале дел од јавниот простор на библиотеката, за одржување промоции или собири, но други останале да зјаат празни. Денес во њујоршкиот библиотечен систем има 13 вакви осамени и руинирани станови.
Во ова видео е документиран еден од нив, во библиотеката Форт Вашингтон, кој исто така наскоро ќе биде пренаменет. Така ќе исчезне и последниот спомен за животот на семејствата во нив, кои можеле да се пофалат дека имаат најголема домашна библиотека во градот.