Она што почнало како чување и изнајмување книги уште за време на древните библиотеки, продолжило со аудио снимки и филмови. Па друштвени игри. Па дури и гитари, кои можат да се изнајмат во библиотека во Охајо.
Најново во овој список е акцијата на Њујоршката јавна библиотека, која од сега ќе им овозможува на своите членови од неа да позајмат кравата, акт ташна или деловна чанта, и да ги користат максимум три недели.
Програмата, која засега ја спроведува огранокот на NPL во Риверсајд, се нарекува „Време за дотерување: модна библиотека за возрасни“.
„Доколку сакате да се дотерате за интервју за работа, за свадба, аудиција, матура, дипломирање или друг формален настан, тука сме да помогнеме“, се вели на сајтот на библиотеката. На располагање стојат вратоврски, пеперутки-машни, женски и машки деловни чанти.
Но освен што зајмат вакви делови од облека, библиотекарите споделуваат и совети за однесување на интервјуа, и можат да помогнат со бесплатни ресурси и книги на оваа тема.
Ова е дел од поширока инцијатива, тн. „Иновациски проект“, преку кој вработените во библиотеката можат да добијат грант од самата институција во која работат, доколку смислат добар предлог за освежување на дејноста со некоја нова активност.