Собирањето книги за 54-годишниот Хозе започнало пред 20 години, кога тој вообичаено празнејќи ги кантите ѓубре низ Богота го нашол и згрижил првиот примерок - „Ана Каренина“. Подоцна дома носел и копии од „Малиот принц“, „Илијадата“ и делата на неговиот земјак, Маркес. Соседите почнале да го нарекуваат „Господар на книгите“, и почнале и самите да му подаруваат книги.
Во 2000 тој и неговата сопруга одлучиле да го преуредат приземјето на куќата и да го претворат во бесплатна библиотека, под име „Моќта на зборот“. Успехот на иницијативата ги надминал очекувањата, а како помошници почнале да се јавуваат волонтери и странци, кои слушнале за „проектот“.
Со оглед на тоа што некои книги се во лоша состојба, сопругата на Гутиерез, која по професија е кројачка, дошла на идеја да отвори „Болница на зборовите“, работилница каде лепи страници и менува корици на оштетени книги.
Во библиотеката се оддржуваат и јавни читања, но заради недостатокот на простор се организираат и патувања низ земјата, на кои им се делат книги на мештаните во поизолираните подрачја. Кружи и легенда дека претставник на востаничката герила ФАРК еднаш му се јавил на Хозе по телефон за да го замоли да издвои книги за востаниците, кои по 50 години вооружена побуна се подготвувале да се вратат во цивилка.