„Библиотекар - работно место број 1702: Библиотекарот изведува описно каталогизирање на библиотечните ресурси и помага во давање насоки и ангажирање на корисниците...“ - вака звучи огласот кој го објавува Рокенрол халата на славните, институција која е најпозната по нejзината годишна селекција на заслужни поединци и бендови кои влегуваат во оваа „музичка академија“.
Но институцијата во основа е всушност музеј, кој содржи неверојатно голема библиотека и архива полна со истражувачки материјал и артефакти кои припаѓале на некои од најзначајните музичари во историјата на рокенролот - од фотонегативи на Арета Френклин, преку ракописи на Џими Хендрикс (како овој за стиховите на Purple Haze), до цел орман постери на Кид Рок.
Библиотеката беше отворена во 2012 во посебна зграда, откако станало јасно дека во музејот едноставно нема место за (тогаш) скоро 20,000-те книги и списанија и илјадници други релевантни предмети, меѓу кои и 500 академски дисертации во врска со рок и поп музика. Целата архива сега може да се пребарува тукa
Кажано на небирократски јазик, среќникот/среќничката која ќе биде избрана за библиотекар ќе се занимава со каталогизирање не само на книги, туку и на нотни записи, звучни и видео снимки, и...веројатно ќе има можност да се запознае во живо со „академиците“.
Пријавување тука