Свет

Зошто Таурус е најбараната европска ракета

Украина до сега доби проектили со голем домет од Британија, Франција и САД, но она што украинските вооружени сили навистина го сакаат се германските Таурус системи, а Германија упорно го одбива тоа.

Берлинската техно-сцена стана културно наследство на УНЕСКО

Агенцијата на Обединетите нации одлучи да го признае придонесот што техно сцената го има кон културниот идентитет на Берлин, и како таква ќе ја додаде на својот список на нематеријално културно наследство.

Исис се враќа, викаат посилен од кога и да е

Откако ги изгубија своите територии во Ирак и Сирија, озлогласната терористичка групација најде нов рај за свое јакнење и регрупирање. Авганистан, земјата во која Американците оставија куп оружје кога се повлекуваа од таму. Им се прави Калифат, па тоа ти е. Талибанците тврдат дека работат да го разбиваат Исис, но, не сите се убедени во тоа. 

Почнаа да стигаат нарачки до Трамп

Трамп треба да го олабави НАТО и притисокот што му го врши и наместо тоа да ги таргетира Обединетите нации, е нарачката до Трамп за кого се уште не се знае ни дали ќе му дозволат да учествува на претседателските избори.

Белгиски парламентарец заврши во затвор заради пораки во групен чат

Поранешниот белгиски пратеник и десничарски активист Дрис ван Лангехов ќе лежи 1 година затвор и треба да плати глоба од 16.000 евра заради ширење расизам во групен чат со пријатели.

Свиркачот на Боинг најден мртов пред сведочење

Во Јужна Каролина е најдено телото на Џон Барнет, свиркачот кој по 30 години работа во Боинг објави дека компанијата свесно и намерно кратела на квалитет на компонентите што ги вградувала во авионите. Телото на Барнет е откриено дента кога требало да сведочи пред суд.

Русија вс. САД и Европа, 3 спрема 1

На секоја една произведена артилериска граната од САД и Европа, Русија произведува три, е сегашниот сооднос на производствените капацитети на воените индустрии на двете страни, објавува Си-ен-ен.

Сопругата на Макрон не е транссексуалец

Францускиот претседател за прв пат јавно проговори против тврдењата дека неговата сопруга Брижит Макрон е родена како маж, отфрлајќи ги како „лажни и измислени“, откако неговата полу-ќерка неодамна ја спомна теоријата на заговор.

На Ердоган му е доста

Претстојните локални избори во Турција, закажани за 31 март, на кои ќе се бираат градоначалници и советници низ целата земја, ќе бидат последни избори на кои ќе учествува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Залужни прогласен за неспособен за воена служба

Новиот амбасадор на Украина во Велика Британија, а до пред некоја недела командант и херој на целокупните украински вооружени сили, Валери Залужни, зимоска минал медицински испитувања кои покажале дека тој не е способен за служење војска.

Папата до Украина: Соберете храброст за бело знаме

Поглаварот на римокатоличката црква тотално ги изремети лидерите на Украина и западните спонзори на војната со доза реализам. За да се прекине работата на украинската мелница за месо, Папата порача дека силен е оној кој ќе ја согледа ситуацијата, ќе мисли на народот и ако треба, ќе дигне бело знаме за да преговара за прекин на крвопролевањата. 

Викторија Нуланд, Лејди Магбет на вечната војна

Уште не е најјасно зошто оставка поднесе Викторија Нуланд, третиот по ранг дипломат на САД и главниот архитект на украинската голгота. Се спомнува кариеристичко незадоволство (сакала да биде втора но Блинкен не ја унапредил) но и ФБИ истраги, каде завршија некои милијарди, матни операции на ЦИА... Долга, богата и ужасна кариера е зад неа. Паѓаат и таквите но обично паѓаат нагоре. Ќе видиме. Нуланд е класично политичко суштество од „мочуриштето.“

Фаза: вкопување

Колку и да изгледа страшно сегашната иницијатива што руските сили ја имаат по цела должина на фронтот, таа е само најава за најверојатната масовна офанзива што Русија ја планира за пролетва, за која се подготвуваше повеќе од една година.

Русите ги сефтосаа Абрамсите

За помалку од една недела украинската армија беше сведок на уништувањето на три американски М1 Абрамс тенкови, кои паднаа жртви на руски анти-тенковски проектили и дронови, сето тоа триумфално проследено на руските социјални мрежи.

Шпанските војници најдоа баг во системот

Припадници на шпанските вооружени сили и полиција почнаа да го менуваат својот пол, на хартија, за да  добијат поопширни бенефиции кои со закон се предвидени само за жени.

Зеленска и Навалнаја не сакаат да седат една до друга

Првата дама на Украина, Олена Зеленска ја одбила поканата за присуство на говорот на Бајден пред американскиот Конгрес откако се дознало дека на истиот настан е поканета и Јулија Навалнаја.

Французите сами почнаа да бришат крстови

Постерите кои деновиве беа откриени како дел од промоцијата ЛОИ Париз 2024, по волја на организаторот се испорачани без христијанскиот крст кој инаку ја обележува Палатата на инвалидите прикажана на арт-деко сликата од Париз. И тоа е само еден проблем со палатата.

Израел да го укине Рамазан

Месецот Рамазан траба да биде избришан исто како и израелскиот страв од месецот, повикува израелскиот министер за културно наследство Амичаи Елијаху, откако почетокот на Рамазан почна се повеќе да се наметнува како рок за примирје.

Хилари побара да не се запиња за годините на Бајден

Луѓето треба да ја „прифатат реалноста“ дека Бајден е стар човек, и да го надминат тоа и да се фокусираат на поразување на Трамп, е пораката на Хилари Клинтон до сонародниците.

Проблемот со регрутирање нови војници за фронт што го губиш

Како што никој не се сомнева во храброста на украинските војници, така се повеќе луѓе и партнери на Украина почнуваат да се сомневаат во капацитетот на земјата и Зеленски да собере нови војници со кои ќе може да го одбрани фронтот и напредува кон ослободување на земјата.

Ќе ѝ дојде ли некогаш ред на Источна Европа да води?

Повеќе од 20 години откако влегуваат во Европската Унија и НАТО, источноевропските држави најверојатно и оваа изборна сезона ќе останат без ниту еден свој претставник на некоја од највисоките позиции во двете организации.

Германците фатени како планираат напад на Кримскиот мост

Руската РТ објавува снимка од разговор на германски генерали кои дискутираат за тоа како би можеле да го снабдат Киев со проектилите Таурус и истите да бидат искористени за напад на мостот што го спојува Крим со Русија, а по пат ги цинкарат и сојузниците дека имаат свои војници во Украина.

Израел функционира како американски носач на авиони

Многумина се чудат зошто САД толку упорно и бесрамно ги оправдуваат и подржуваат најбруталните израелски криминали и кршења на сите овоземни и универзални човечки права. „Одговорот цело време ни е пред очи,“ пишува Алан Вагман. „Тоа е така затоа што Израел е американска воена колонија“.  

На американските градови засолништа ко им се смачи да бидат засолништа

Градоначалникот на Њујорк, еден од најголемите градови засолништа на мигранти во САД, повика на укинување на градовите засолништа низ САД бидејќи веќе не се издржува, а и мигрантите кои им пристигнуваат не се како што ги мислеле.