Балкан

Што направи Америка од Косово и што тоа значи за Украина?

„Досието на Вашингтон покажува дека е подобар да води војни отколку да се занимава со она што следи потоа“, пишува Политико во еден екстензивен прилог за тоа какво е Косово денес, 25 години откако Американците издејствуваа да прогласи независност. Ако Косово е некаков водич, Украинците треба да внимаваат што посакуваат кога планираат корпоративна Америка да им ја обвновува земјата. 

Како Невладините ја колонизираа Босна

Дејтонскиот договор за Босна и Херцеговина и Охридскиот рамковен за Македонија имаат речиси идентични ефекти: краткорочно ги прекинаа војните но ги оставија земјите во долгорочна неспособност да се управувават самите себе. Босанците имаат и камшикар и поплава од НВО-а (дури 25. 600!) и пак ништо. Да не се токму тие елементи клучни за крахот?

Блек рок бараат потпретседател во Србија

“Блек Рок е најмоќниот концерн на светот за кој никој не слушнал“, напиша своевремено германската новинарка Хајке Бухтер за овој неформален владетел на светот. Во Србија влегоа тивко, деновиве вработуваат а опозицијата ја имаше фатено уплав дека се имаат намерачено да го откупат јавниот долг, за што земјата би ги заложила своите природни богатства.

Жената која им дава имиња на жртвите од Сребреница

Откако дипломирала како форензички антрополог па до денес кога е во своите рани 40 години, Драгана Вучетиќ од Србија е посветена на задачата да ги идентификува жртвите од масакрот во Сребреница кој се случи пред 28 години. Затоа што анонимноста на нивните посмртни останки фрлани во масовни граници е онаа екстра казна на која ги имаат осудено нивните убијци.

Во Хрватска е продадена првата дигитална свиња

Инвестираш во дигитална свиња и по 900 дена, твојата дигитална свиња се претвора во вистинска. Се работи за една нова иновативна платформа во Хрватска во која на луѓе им се овозможува да имаат својата фарма или градина со здрава храна, додека други ја вршат физичката работа за нив.

И во Грција гужви за лични карти, ама не заради капитулација

Луѓе преноќуваат во долги редови пред полициски станици во грчки градови за да извадат нови лични документи во стариот формат пред да станат задолжителни дигиталните лични карти подоцна во септември. Недоверливи се кон новите исправи поради јанѕа дека имаат микрочип преку кој државата ќе може 24/7 да ги следи нивните активности.

Бугарија осомничена дека дрпнала 500 милиони евра од ЕУ

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеши конечно реши да покрене акција во Бугарија, која долго време се смета за еден од најочигледните примери за неспособноста на Брисел да го реши проблемот со грабежи на европските фондови. Европското обвинителство во Бугарија води 143 истраги, со вкупна штета од 492 милиони евра.

Русите го освојуваат Белград

Од ланскиот февруари до денес, во Србија имаат дојдено околу 200.000 руски државјани. Во изминатата година имаат отворено над 4.000 фирми. Нивното влијание врз српската економија допрва ќе се види но нивниот престој веќе ги чини белграѓани: од цените на пазарите до цените на недвижнините.

ФБИ човекот на Еди Рама

ФБИ се соочува со еден од најголемите скандали кои му се случуваат во последно време. Еден негов поранешен шеф за разузнавање прво беше обвинет за сомнителни руски врски но во меѓувреме се обелоденуваат и детали за неговото сојузништво со Еди Рама во прогон на политички противници и рекетирање непослушни бизнисмени.  

За бугарските споменици на нацистичкиот колаборационист

Надвор од црквата Света Софија се наоѓа споменик на цар Борис III (1894–1943), со благодарност за спасувањето на бугарските Евреи. "Тоа е зачудувачки пример за историски ревизионизам со оглед на тоа што владата на Борис  испрати над 11.300 Евреи во смрт“, пишува деновиве независниот еврејски магазин Форвард.

Како и зошто Албанија стана мета на Иран?

Израел му се израдува на Еди Рама. Му се израдува затоа што избрка неколку ирански дипломати. Ги избрка заради истрагата за сајбер нападите во Албанија кои водеа кон Техеран. Зошто Техеран би организирал сајбер напади на Албанија? Како што знаете, сите вакви прашања завршуваат во Вашингтон. 

Не сите вицови за бугарски џандари се неточни

Пред неколку дена комплетен Петрич (старо, младо, македонско, бугарско) било надувано откако локалната полиција се фатила со палење на тони конфискуван канабис. Во станица во двор.

Украинци масовно бегаат од Бугарија

Омразата и хаосот се главните причини кои наведуваат бугарските медиуми за чудниот феномен кој се случува последниве денови, бегалците од Украина масовно да заминуваат од Бугарија. За да е појасно како им било на тие луѓе во земјата во која побарале засолниште од војната, од мирната Бугарија, Украинците главно решаваат да се вратат - дома. 

Бу-га-ри

За разлика од сите странци во Бугарија на кои вообичаено на времето им ги крадеа колите, на украинските бегалци кои успеале да спасат жива глава и да стигнат во Бугарија со кола Бугарите почнаа да им ги крадат регистрациите.

Во Србија „пукна“ пирамидалната шема со лајкови

Грејпфрут медиа е апликација која масовно се рашири низ Србија и Црна гора, а доаѓаше со едно фантастично ветување за заработување пари од лајкање, кое не бараше ништо од вас само една скромна почетна инвестиција од неколку стотици евра. Од пред некој ден апликацијата ја снема.

ЕУ има специјална дипломатија за Северна Африка и Балканот

Брисел сфатил дека во некои „региони со посебни потреби“ луѓето можат не само да се побунат против поскапувањата и недостатокот на основни производи за живот туку и недајбоже погрешно да ги адресираат виновниците па да помислат дека за кризата кои ја преживуваат крив е Запад а не Русија.

Дали Турција воено би интервенирала во Босна?

Турција во 2020-те е далеку помоќна од Турција од 1990-те, па таа денес без ничија дозвола интервенира во Сирија и во Либија, а директно се вмеша во војната меѓу Азербејџан и Ерменија, кога е така, зошто не би можела да интервенира и во Босна ако тоа затреба?

Во Грција снежна апокалипса

Над 5.000 возила беа заглавени на минусни температури на обиколницата околу Атина откако снежна бура го затрупа главниот град на Грција.

Не може да ти градат бегалски камп ако не им дадеш да истоварат машинерија

Жителите на грчкиот остров Хиос новогодишните празници ги минаа на неколку пристаништа на островот блокирајќи ги товарните бродови да ја истоварат градежната машинерија неопходна за изградба на новиот бегалски камп планиран од грчката влада.

ЦИА евакуираше агент од Белград

Заради сериозни повреди идентични на оние што се поврзуваат со Хавана синдромот, ЦИА во изминатите недели повлекла свој оперативец од Србија.

ЕУ веќе не гарантира членство на балканските држави

Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата, објавува Ројтерс врз основа на изјава од четворица дипломати и интерен документ.

Колку заштита се добива ако примиш 23 дози вакцина?

Неименуван Словенец по своја желба и нелегално до сега се има вакцинирано 23 пати против ковид-19. Човекот не е навлечен на вакцина, навлечен е на друго, па ова му е само извор на пари.

Прскање комарци? Србите не се наивни!!

Една од најопасните служби во Србија не се пожарникарите ниту медицинскиот персонал кој е во првиот ред во борбата со ковидот, туку  оние што прскаат за комарци. Излудени од теории на заговор и општ пандемиски хаос, луѓе почнуваат да ги напаѓаат тие екипи сомничејќи ги дека ги трујат со нешто. Со што? Со нешто де.

Словенија на референдум праша дали може да се гради покрај вода. И не може!

Намерата на словенечката влада беше во име на инвестиции, напредок и луѓе без чувство за повисоки вредности да ја скрати сеопфатната заштита што ја имаат сите водни површини во земјата (заштитени со устав како национално богатство) и да дозволи повеќе градење покрај вода.