Словенија на референдум праша дали може да се гради покрај вода. И не може!

Намерата на словенечката влада беше во име на инвестиции, напредок и луѓе без чувство за повисоки вредности да ја скрати сеопфатната заштита што ја имаат сите водни површини во земјата (заштитени со устав како национално богатство) и да дозволи повеќе градење покрај вода.

Оваа намера владата не можеше да ја протурка по регуларен пат туку мораше да излезе на референдум, а на референдумот над 86% од учесниците гласаа против предлог законот.

Гласањето се случи откако мнозинство пратеници во парламентот и еколошки активисти иницираа референдум за да го спречат гласањето на предложените измени во парламентот.

Сметајќи го ова како удар за владата на Јанез Јанша, Блумберг пишува дека три пати повеќе гласови се дадени против предлогот за новиот закон за вода, отколку што партијата на Јанша добила на изборите.

Критиката е дека законот бил направен во корист на приватните инвеститори што би можело да го загрози квалитетот на водата. Законот меѓу другото ќе ја намалеше и постојната минимална оддалеченост од вода на која смее да се гради што било од хотел до кафана.

Од друга страна владата предлогот го имаше филувано како подобра контрола на правилата за градба и зголемување на фондовите за заштита на водата и заштита од поплави.

12 јули 2021 - 14:08