Медиуми

Цане ја напушти Оља

Цане од Партибрејкерс ја напушти емисијата „Впечаток на неделата“ на Оља Беќковиќ на самиот почеток, по претставување на гостите и првата пауза за реклами. На заминувањето му претходеше чудна кавга околу децибелите. Оља со оној нејзин монашки шепот веројатно не добацуваше до Цане па овој ѝ кажа дека мора да ѝ чита од уста и дека можеби треба да се титлува. Па оваа му врати па Цане го снема.

249

За да добијат пари за изборно рекламирање се имаат пријавено 249 портали. Не е поентата што има таму и шуто и рогато. Поентата е дека ќе се прават дубари со државни пари. Криминал. „Идејата е сите тие фејк портали да послужат за перење пари. Некои партии на таквите "портали" ќе им дадат пари за политичко рекламирање, а газдите на тие портали потоа (а најчесто и пред тоа) ќе ги вратат парите во партиите во кеш“, пишува Героски.

Седете Цивил, не е ова за вас

Во фото финиш на процесот во Лондон од кој зависи дали Асанж ќе биде екстрадиран и ќе скапе во американски затвор, Едвард Сноуден го упати следниов апел “До секој политичар и новинар (ви рековме?): Не можете да го спасите Навални. Но Асанж сè уште можете. Ако молчите сега, кога можете да влијаете на исходот, никогаш не ви било до принципи, само сте се надевале на аплаузи“.

И ние имаме „Ноќна мора“

Благодарејќи на поплавата од подкасти која потсетува на некогашната манија за отворање „пица на парче“, “скара на кило“ или “салатари“ (искрено им посакуваме да не завршат така), се појави и нешто што малкуцка замирисува на нашата најомилена емисија на просторите на екс Ју, феноменалната „Ноќна мора“ на Жељко Малнар. Мотивите им се различни од оние на Шева, Јаран, Брацо и компанија, ама нивото е тоа.

Метаморфозис преку ЗНМ пробува да го канселира Миленко

Миленко имал емисија на Јутјуб во која запукал по Вистиномерите (гаден каков што знае да биде со оние кои ги рачуна за душмани) а ЗНМ се најде повикано не само да се стави во одбрана на прозваните колеги, туку и да лупета за организирани хајки, да бара преземање итни мерки, да спомнува затвори... Не ни е нам толку до Миленко (мада му ги сакаме Винтиџите), колку до нашата слобода и лицемерието на овие другиве.

Дебатен клуб за Елиф и Фират

Судејќи по „белата врева“ што бучи од социјалните мрежи, човек може да добие впечаток дека ама баш цела Македонија се бави и си треска глава со истите прашања: како беше можно да се случи ова со пасошите, дали се они нормални, дали на следните избори ќе рикнат ко магариња или пак само дебело ќе изгубат... Но, не е така. Во пукнатините на овие големи инфо блокови се вмрежуваат и меѓусебе си помагаат страсни филмофили.  

Почина Петар Луковиќ

После долга и тешка болест, на 74 годишна возраст почина брилијантниот Петар Луковиќ, еден од најзначајните пера на екс југословенските простори на сите времиња. Во нашата интимна ранг листа на новинарски ракописи, Перо Луковиќ  суверено се наоѓа во шампионскиот кајак-двосед, заедно со - фала богу живиот - Борис Дежуловиќ.

Шпрајц знае да врати топка подобро и од Ѓоковиќ

Хрватски пуританци од католичка асоцијација кои талибански се згрозуваат од сè што мажите може да ги возбуди, на РТЛ им стегнале пријава за непримерено однесување; емитувале порно глумица во прилог за сексуална едукација (како се навлекува кондом). Зоран Шпрајц им објаснува дека за секоја лекција се обидуваат да ги имаат најмеродавните стручњаци. А после им ја закуцува поентата.