Булшит детектор

Општините постојат само за себе

Интересна, корисна и поучна мапа за тоа колкав дел од својот буџет, општините во Македонија одвојуваат за плати на оние кои се напикани во нивните администрации и служби. Постојат општини кај кои над 70% од буџетот што го имаат, го даваат за тоа. И ќе дојдат избори и ќе ви зборуваат за инвестиции. Или ќе се најде паметна влада која ќе реши по кој знае кој пат да им ги покрие долговите.  

Добро бе, Кавадарци, вака ли ќе играме?

Да слушнете како во Кавадарци се „препејува“ една песна од - скопската група - Меморија. Завршните стихови дебилот ги пее вака: „Да го ебам цело Скопје и скопјанките.“(?!) Па да му се невиди, во ова и вакво време за Македонија, еден кавадарчанец нема кого да дупи освен Скопје?? А оние присутните се убедени дека е тоа јако забавно и цепажа па му одат на свирка на дегенот за одушевено да пеат заедно на глас?

Кај е Чом да го изгаси светлото?

Некој Џими Лазовски на Фејсбук ја опцул американската екс амбасадорка во Македонија. Јавниот обвинител Башким Хисени го обвинил „за повреда на угледот на дипломатски претставник на странска држава“ а тетовската судијка Верка Костоска го осудила со 150 дневни глоби, тоест 1.800 евра. Што ма Верка, нема Џими на Голи оток да оди?

И кај нас стигнаа транс- деца

Форматирани на Лу Рид кој беше комплетно отворен за сите „креатури на ноќта“, ич не се жестиме ако некој возрасен е убеден дека е во погрешно тело, нон-бајнари, флуиден, гасовит... Ако сака, нека се мисли и верверичка дека е, сè додека не почне да нè убедува дека заради тоа, од нас му следуваат лешници. На нерв ни се гази кога таа идеологија ќе тргне на деца. А тргната е. 

Куманово, отвори очи

Пред Советот на општина Куманово доаѓа предлог за споменик на оние припадници на МВР кои во 2015-та година загинаа бранејќи ја државата од косовските калаш-туристи. Се спротивставија советници Албанци: те раните уште биле свежи (да, а?), те тоа не било тероризам бидејќи во други држави полицијата прво преговара со терористите (на кои филмови се растени овие луѓе?). Ама, да се само тие.... 

Матичното во Ѓорче, март, 2023

Тоа што не може со помош на тешки дроги, овде се постигнува со помош на тешка сиромаштија, ендемска корупција и дебела пропаганда. Не случајно фокусот на излудениот плебс упорно се држи на високопарни шашми („европски колосеци“, „друже ЕУ, ми ти се кунемо“, погледнете дебатни емисии, тоа па тоа), пошто, колку подалеку си загледан, толку полесно ќе заборавиш на сопствениот двор.

Ќенефите на МНР

Македонскиот дипломатски синдикат пред некое време се пожали дека со месеци немаат сапун за раце во ВЦ-ата на МНР. Веќе утредента бил набавен сапун но некој таму очигледно мисли дека со тоа ја завршил својата задача околу хигиената. Чекајте да видите какви им се вецеата и во каков бангладешки стандард функционира македонската дипломатија.

 

Дури и Кустурица нè шупчи за „северномакедонско“

Случајно налетавме на ова, заслушувајќи го Кустурица на еден овогодинешен летен форум. А и тој тоа го спомнува онака попатно, како логична придавка од грдото име кое Заев и Димитров ни го начукаа. И како мисли сега оној напуван Димитров, да бараме наоколу меил од Кусто па да му објаснуваме за придавката и што за неа вика Преспанскиот? 

Темелко е сè што треба да знаете за Македонија

Темелко Ристески е професор доктор, човек во години. Што прави еден интелектуален угледник во зрелите години на својата кариера? Поднесува рапорти што сработил за партија. Пишувал на Фејсбук, објавувал агитациони текстови, дури и телефонски се јавувал кај што треба.

Туристички паталци во Охрид

Од сите места на светот, на стари години и во нималку сјајна физичка состојба, тие решиле да го посетат токму Охрид. Гре-во-ви! Ако во охридската власт има некој саглам, итно ќе ги најде овие јадници и најчовечки ќе им се извини.

Криминал снимен во градинка

Не сме ние посебно гадливи на никаква музика, сè додека таа е избор на човечки суштества кои имаат доволно години да го одбираат својот музички вкус. Ама во градинка, на тоа најмалите пинцури, да им пушташ „Жена од Султана“? Еј бре, еден ден ќе ви дојде некој нормален родител и ќе ве исподига на клоци. Сељачете се после работа, малку ли време имате за тоа? 

Дивеењето како небрежност

Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!

Која е девојката со чизми на таван?

Да поќутеше и да издржеше да не излезе грдо зло од неа (види: Зелените се закануваат со чизмите од таван), немаше да дознаеме ниту дека била директорка на клиника, ниту дека за фини пари квачи фотеља во одбор на Телеком. А имаме уште еден прилог за животот и делото на Шкодране Дардишта, девојката која само привремено е во патики.

Друштво на денот

Овој ќељавиов што им држи предавања на нашиве е Рамуш Харадинај, човекот кој од премиерска позиција им даде 220.000 евра на семејствата на оние битанги кои ни дојдоа од Косово и ни ги испотепаа полицајците во Диво насеље. 

Со фантазиите во ЕУ, со реалноста во СФРЈ

Во време кога една министерка со инспекции и казни сака на луѓето да им утера дигитализација во коски, едно друго министерство бара од здравствените установи редовно да пополнуваат еден образец за дијагностика и остварени прегледи.  Аналоген да поаналоген не може да биде.

Струга запна со базенот. Пак.

За разлика од обична година кога добиваат по едно, во година со локални избори Струга добива по две ветувања за базен! „За 2025 чекаме појачање - три ветувања годишно, минимум!“, порачуваат стружани.

Бујар ќе ни ја отвора Америка

Зошто Македонија ти станува фуј ако премногу се бавиш со неа? Затоа што кај и да чепне, во каква и вест човек да пробуричка, макар била таа прилично бенигна и не од оние „жешките“, сфаќа дека нешто во неа или смрди или пак мириса на евтино предизборно лижавче, наменето за наивни. На пример.

Приказна за името

Мал осврт на една онлајн лекција по македонски јазик за првоодделенци.

Излези за Северна Македонија

Да се наежи човек од ова визионерство, мудрост и државотворен сенс. Да се потсетиме на тој историски момент и купот халуцинации кои беа пласирани за да си го смениме името. Спомени како помени.

Бочварски ќе нè штител од Бехтел, ај важи

Ако ЕУ не ги притиснат нашиве, како што тоа своевремено го направија со Хрватска, да се откаже од директно договарање со Бехтел и да оди на меѓународен јавен тендер (заради транспарентност и спуштање цена), тогаш е јасно каков е планот на Унијата за Македонија. Никаков.