Букбокс

Речник

По одличните резултати на левицата во првиот круг локални избори во Шпанија oд пред неколку дена, политичкиот пејсаж на оваа земја почнува да се менува. „Индигнадосите" ги потиснаа и десничарите и традиционално второпласираните партии од центарот. И во далечната 1936 радикално левите револуционерни сили владееле со Шпанија. А таму, за да се придружи на нивната борба против фашистите, дошол Орвел. Повеќе

„Спинглиш" или јазикот на измамата

Македонскиот еквивалент веројатно би бил „спиндонски", кога оние на кои тоа им е работа користат фрази кои навидум звучат разбирливо, но всушност ви го матат умот. Американците наскоро ќе имаат цел речник со илјадници примери од секојдневниот живот, што значи дека оние кои веќе зборуваат спинглиш ќе мора да бидат уште покреативни ако сакаат да ја постигнат целта - да бидат неразбирливи. Повеќе

Прекрасните умови и нивните психички растројства

Оскаровецот „Прекрасен ум“ раскажуваше за jaзот помеѓу генијалноста на еден познат математичар и неговата психичка состојба. Ова како да е судбина на голем број уметници и научници во историјата - некои од нив биле пациенти во истата болница кадешто се лечел и Неш. Повеќе

Кога Штулиќ кршеше гитара на сцена

Извадок од новата книга на некогашниот басист на Азра, напишана во стихови и без интерпункција. За разлика од Џони, кој во своите преводи внимава на секоја запирка, Хрњак е лефтерен, но живописен. Во овој дел за инцидент во Словенија, каде Штулиќ кршел опрема на сцена, како да има вишок гитари. Повеќе

3Д порно во Кан

На вчерашниот, 9-ти ден од 68тиот фестивал во Кан се случила вистинска тепачка за карти - 2,300 пицнати луѓе се појавиле на полноќната проекција на новиот филм на Гаспар Ное, а некои од нив не успеале ни да влезат во салата. По проекцијата имало долга, стоечка овација. Повеќе