Македонија

Made in Macedonia: Американци уште губат милиони од велешани

Ланскиот септември, 86-годишната Ен Братон од околината на Нешвил помислила дека ја открила инвестицијата на својот живот кога на Телеграм наишла на понуда на „дебитни картички“ со ликот на Трамп, секоја наполнета со потенцијални 200.000 долари. Пресметала дека инвестиција од 6.000 долари може да претвори во богатство од 4 милиони долари. Не знаела дека понудата ѝ доаѓа од место на 8.500 километри од неа, од „озлогласениот“ Велес.

Пуштена во употреба најголемата онлајн продавница во Македонија

Ananas онлајн шопинг мол е конечно достапен и во Македонија, а по објавената прва кампања можеме само да погодуваме какви изненадувања подготви Ananas за своите корисници. „Шопинг мол, ā на нет“ со над 100.000 производи од различни категории со себе носи целосно нов концепт на онлајн купување во Македонија.

Учествувај во наградната игра на HELL - имај незаборавно лето

Купете 2 лименки од HELL ENERGY DRINK, на една фискална сметка.

Од тетовскиот грав до врвот на швајцарската кардиохирургија

Приказна за наш човек, тетовецот Омер Џемали, кој од нивата на дедо му, каде со братучедите се тркал кој ќе извади најдобар грав, стигна до прв човек на циришката Универзитетска клиника. „А заменик му е исто наш човек, Петар Ристески од Прилеп. Лично ги познавам двајцата“, ни пишува доктор Кирил Пенов, кардиохирург во Вурцбург. Фасцинантна приказна.

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата ’Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија’“

„Наша гордост. Наша одговорност“ - Скопско со нова акција за чисто Охридското езеро

„Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа - НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT, која првично беше претставена во декември минатата година. Платформата е создадена со една единствена цел - преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.

Македонски семејни винарии викендов ве канат на саем во Кавадарци

Викендов во Кавадарци ќе биде организиран предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии на кој ќе присуствуваат над 35 винарии. Тие ќе изложуваат, а вие ќе имате можност да дегустирате над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од 4 производители.

Зачувај пари, зачувај време, зачувај ја планетата

Во месецот на штедењето, ПроКредит започна кампања за промоција на онлајн штедење, еден од уникатните продукти на банката.

Македонско државче

Македонија го смени името, знамето, уставот и учебниците по барање на Грција, па се обврза пак да го менува уставот и учебниците по барање на Бугарија. Како Македонецот може да мисли дека е тоа истата држава која некогаш ја имал, а притоа да не личи на најглупиот од серијата со Родни и Дел?

Македонија се качува во автобус без тркала

Последниве години, пристапување во ЕУ ја загуби својата трансформативна моќ. Едноставно веќе не е важно дали некоја земја е надвор од процесот, кандидат или преговара. Сите држави од Западен Балкан се заглавени. Македонија преговара како да се мрдне едно седиште понапред во автобус што не оди никаде.

Во добронамерноста на францускиот предлог не би поверувала ни француска собарка

Секој трговец ќе ви каже дека е нереална трговија нешто да продавате а да не добивате ништо за возврат, освен ветување дека еден ден можеби ќе ви биде платено тоа што сте го продале. Со притисоци и убедувања ЕУ ќе сака да произведе согласност, а потоа ќе ве потсети дека самите сте прифатиле таков компромис. А враќање назад нема.

Шпаркасе Банка – Супербренд за 2022 година

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе Банка се закити со престижното признание - Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година.

Шпаркасе Банка – Супербренд за 2022 година

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе Банка се закити со престижното признание - Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година.

Скопско ја започна новата кампања „Отвори скопско за...“

Најголемиот македонски пивски бренд СКОПСКО ја започна својата нова кампања „Отвори СКОПСКО за...“ која има за цел да ги инспирира луѓето да погледнат околу себе, да ги препознаат и да ги слават убавите моменти што ги создаваме заедно, а кои го прават светот чудесен.

Капа долу, доктор Пановски

На панел на кој се резимираше нашето двегодишно справување на глобалната бештија наречена ковид, доктор Никола Пановски убедливо и авторитетно го распара лицемерието, нелогичноста, политичките додворувања и лукративните бесрамности кои го одбележаа тој период. „Ако на луѓето им викате да носат маска на нива и во планина ама во кафана да ја симнат, како после да не веруваат дека нè прскаат од авион?“ 

ММФ ја прашува Македонија: Каде отидоа парите?

ММФ не штедеше во интервентни пари за помагање во борбата против пандемијата но секогаш потсетуваше дека, кога и да е, ќе дојде време да се проверат сметките. Македонија е една од оние земји кои во друшто со Нигерија, Конго, Малави и слични е од оние кај кои не се знае како и за што се трошело.

Македонија, една од најнебезбедните дупки на светов

Ковид пандемијата испретумба многу состојби и позиции во светов, но сепак остануваат некои фиксови. Еден од нив е дека Македонија не ја бива. Ама па, ако Заев ишмиргла уште некој споменик за бугарскиот фашистички окупатор, можеби конечно ќе тргнеме напред?

Спектакл, Мијалков имал температура и бил во изолација

Поранешниот директор на УБК денес попладнето сам отиде да се пријави во Обвинителството, откако вчерашниот ден го минал во изолација заради симптоми на ковид.

Нешто е труло паркирано во државата Данска

Можеби Данците се доволно дисциплинирани да паркираат прописно а и кога нема да паркираат прописно, барем прописно да платат казна. Ама Копенхаген мака мачи да наплати големи пари од казни на автомобили на странски амбасади и дипломатски претставништва. Ако ви кажеме дека има и драгичка, претпоставувате која е: македонската амбасада е меѓу најлошите.

Рекордни пријави на филмски дела на предјубилејниот фестивал на непрофесионален филм

Кино сојузот на Македонија по 48. пат го организира Државниот фестивал на непрофесионален филм кој оваа година ќе се одржи утре на 7ми јуни (петок) во конгресната сала на хотел Монтана - Крушево со почеток во 19 часот.