Бизнис

Франција грга руски гас

Паралелно со јуначењето на Макрон со изјави дека ќе испраќа француски војници во Украина, Франција полека стана најголемиот увозник на руски гас во Европа. Само годинава земјата и има платено на Русија 600 милиони евра за природен гас.

Паркингот наречен Европа

Преплавеноста со кинески електрични автомобили и европски проблеми со логистика и транспорт ги претворија европските пристаништа во масовни паркинзи на нови автомобили кои ниту имаат каде да одат, ниту можат да мрднат.

Лондонград нема да падне

Барањата и апелите за запленување на руски имот и имот на руски олигарси сред Лондон најверојатно никогаш нема да се остварат што заради страв од правни проблеми, што заради речиси неизводливоста на такво нешто.

Сатарот наречен Оземпик

Оземпик, лекот за дијабетес кој се претвори во магична диета, може профитабилно да биде произведен за 5 долари месечно и покрај тоа што Ново Нордиск во САД го наплаќа речиси 1.000 долари.

Повторно живееме во „Позлатено доба“

Анализа на „отпечатокот на нееднаквост“ на повеќе од 200 американски корпорации покажува дека 90% од профитите (1.100 милијарди од 1.250 милијарди) завршуваат кај најголемите акционери, а и ЦЕО-та не минуваат лошо.

Попустите се хероинот на денешниот маркетинг

Според истражувања на Нилсен, преку 80 проценти од попустите не се профитабилни, дури ни краткорочно.  А краткорочното задоволство е главната придобивка заради која се прибегнува кон попусти и промоции. Се добива поголем волумен на продажба ама потоа се паѓа, па по некое време, од немај каде се прибегнува кон нова доза. Исто како со дрогите.

Тројниот шок што ја чека економијата на Европа

Додека континентот уште не може да се освести од кошмарот со енергетската криза заради кој затворија некои од најголемите индустриски капацитети, Економист предвидува дека Европа допрва ја чека драмата со зголемениот кинески извоз и тарифите на Трамп.

Британска авто-индустрија е нешто посебно наивна по санкциите на Русија

Анализата на Скај њуз открива дека во истиот период во кој извозот на британската авто-индустрија во Азербејџан бележи драстичен раст, се случува речиси идентичен раст на извоз на автомобили од Азербејџан во Русија. За британската авто-индустрија ова нема никаква поврзаност.

Руските пари ќе донесат 20 милијарди евра само од камати од ЕУ

Руските средства замрзнати во ЕУ по почетокот на инвазијата на Украина до 2027 ќе генерираат меѓу 15 и 20 милијарди евра, после данок, во зависност од тоа како се движат глобалните камати.

Биткоинот грми, доларот во „спирала на смртта“

Американскиот долг е нешто што во моментов никој нема политичка сила или волја да го заузда. Форбс пренесува алармантни податоци од Банката на Америка дека на секои 100 дена, долгот се зголемува за илјада милијарди долари. Тоа оди на воденица на златото и криптото што е видливо од растот на нивната цена. Дали следната година, дали на крајот на оваа деценија, сериозна криза не бега. 

Епл се откажа од планот за правење кола

По една деценија муабети дека Епл вади свој електричен автомобил или дека го подготвува, Блумберг објавува дека компанијата го напушта својот најамбициозен проект.

Мерцедес му се враќа на бензинот

Мерцедес-Бенц за пет години ги одложи своите таргети за електрификација на својата автомобилска ергела и ги увери инвеститорите дека ќе продолжи да ги усовршува моделите на мотори со внатрешно согорување. Тоа е само последниот производител на автомобили што призна дека имале преголем и преамбициозен апетит за автомобили на батерии.

Европската петрохемија затвора дуќан

Последен пат кога европските петрохемиски погони работеа толку малку како сега, Сајгон падна и означи крај на Виетнамската војна а АББА беа најпопуларниот бенд на континентот. Тоа беше 1975 година, кога сè уште се лижеа раните од првата нафтена криза. „Речиси половина век подоцна, индустријата умира“, пишува во Блумберг.

Еуроклиар заработи 4,4 милијарди евра од замрзнатите руски милијарди

Руските државни резерви, во износ од 191 милијарда евра, кои по почетокот на војната во Украина се најдоа заглавени во Еуроклиар и годинава сакале-нејќеле донесоа милијарди евра профит за компанијата само од седење таму.

Кина ја збриша европската соларна индустрија

Еве еден сериозен парадокс и дилема за Европа: како што континентот прави сè за побрзо да стане зелен и да се ослободи од омразениот јаглерод, така истовремено станува сè позависен од увоз од Кина, нејзиниот главен економски и политички ривал. Кина во моментов контролира 80% од глобалниот ланец за производство на соларни панели. Европа? Три посто.

 

За да не бидете посиромашни, мора да бидете сиромашни

Јасната економска математика покажува дека колку повеќе луѓето инсистираат да го задржат својот економски статус со зголемување на платите, толку повеќе придонесуваат кон растот на инфлацијата. Решението е или да се откажат од повисоки плати или да се откажат од пониска инфлација.

Маск не може да добие бонус поголем од 55 милијарди долари

Судија во Делавер, американска држава во која е регистрирана компанијата Тесла, пресуди дека пакетот компензации кој Маск го добива за она што го прави за компанијата не може да биде поголем од 55 милијарди долари. Значи, може да си купи уште еден Твитер (за кој плати 44 милијарди) а другите 11 милијарди, за што попрво... Маск предлага, ако не ви се плаќа, дајте акции.  

Тесла само што се олесни за 80 милијарди

Акциите на Тесла паднаа за над 12%, откако берзата беше предупредена дека растот на продажбата годинава може да биде значително послаб отколку во 2023 година. Годишната заработка на Тесла, објавена ден претходно, исто така беше под очекувањата на Волстрит. Овие две работи инстантно избришаа околу 80 милијарди долари од берзантската вредност на компанијата на Илон Маск.

Мерцедес ќе ги продава сите салони во Германија

Продажните салони и придружните работилници во Германија што се во сопственост на Мерцедес наскоро ќе бидат продадени од компанијата, откако истото се покажало како успешен потег низ другите држави на Унијата како дел од нивната стратегија за оптимизација.

Корпоративните профити ја разгоруваат инфлацијата

Нов извештај на американски тинк-тенк наведува јасни докази дека високите корпоративни профити се главен двигател на тековната инфлација во САД.  Компаниите продолжуваат да ги одржуваат цените високи дури и кога нивните инфлациски трошоци се намалуваат. Како и кај нас, колку и да се намалиле некои влезни трошоци, фирмите не се откажуваат од ќарот на кој навикнаа.

Херц ќе продава 20.000 електрични возила за да вози на бензин

Глобалната компанија за изнајмување возила се пожалила дека муштериите повеќе преферираат коли со мотор со внатрешно согорување, плус високиот трошок за замена на електричната флота, заради што распродава дел од електричните возила што ги имаше.

Франција стопи милиони парички, затоа што ги утнале ѕвездите

27 милиони метални парички исковани во Франција се уништени и стопени, затоа што ѕвездичките направени на нив не биле во совршено идентични со строгите дизајнерски стандарди на Европската комисија.

Германија од ведро небо откажа субвенционирање електрични возила

Шолц и неговиот заменик-канцелар Роберт Хабек објавија дека буџетот за 2024 ќе биде со мерки за штедење, меѓу нив и предвремено прекинување на еколошкиот бонус, субвенција за купување електрично возило во висина до 6.000 евра.

Аргентина нема веќе пари, ќе се оди на шок терапија

Новиот министер за економија на Аргентина, Луис Капуто, половина од своето прво телевизиско обраќање го потроши на објаснување како земјата се нашла во таква ситуација, зависност од задолженост, за која тој смета дека единствен лек е шок терапија.