Еуроклиар заработи 4,4 милијарди евра од замрзнатите руски милијарди

Руските државни резерви, во износ од 191 милијарда евра, кои по почетокот на војната во Украина се најдоа заглавени во Еуроклиар и годинава сакале-нејќеле донесоа милијарди евра профит за компанијата само од седење таму.

Еуроклиар во 2022 заработи 821 милион евра од замрзнатите руски средства, за годинава благодарејќи на растечките каматни стапки да земе над четири пати повеќе и 2023 да ја заврши со приход од 4,4 милијарди евра.

На овие 4,4 милијарди собрани од руските пари отпаѓа најголемиот дел од заработувачката на Еуроклиар во 2023 која изнесува вкупно 5,5 милијарди евра. Во 2022 беше 1,17 милијарди.

Рекордните суми што ги прави компанијата се должат на тоа што заради санкциите таа не може на Русија да и исплати ниту пара од средствата што ги чува. Токму руските пари во Еуроклиар се главната мета на европските и западните напори за запленување руски средства и нивно користење за обнова на Украина.

7 февруари 2024 - 11:48