- За време на дводневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Србија ќе бидат потпишани 30 важни договори а во пет клучни области Србија очекува милионски инвестиции.
- Тоа се енергетика, инфраструктура, земјоделство, високотехнолошка преработувачка индустрија и услуги на вештачката интелигенција.
- „Нашите две земји секогаш меѓусебно се почитувале и си верувале една на друга. Претседателот Вучиќ и јас развивме добри работни односи преку нашите средби, телефонски разговори и размена на писма. Двете страни во целост го почитуваат изборот на сопствениот народ за развоен пат, се залагаат за принципите на правда и правичност и меѓусебе се поддржуваат во суштинските интереси од највисоки важност за нас“, напиша Џинпинг во авторско писмо објавено во Политика.
- Кинескиот претседател предводи делегација од 400 луѓе.
- Засега е извесно дека нов градоначалник ќе добие општина Сарај откако Блерим Беџети се изјасни дека се откажува од градоначалничката функција и во селедните четири години ќе биде пратеник во Собранието.
- Нови градоначалници може да добијат и жителите на општините Аеродром и Гостивар затоа што, иако не станаа пратеници сепак градоначалниците Тимчо Муцунски и Арбен Таравари се споменуваат како идни министри во новата Влада.
- Во изминатите пет години во седум општини беа спроведени предвремени локални избори. Пред нецели две години предвремено се бираа градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа бидејќи два пати претходно не успеа да се обезбеди цензус од една третина излезност на гласачите
- Позитивно е тоа што ниту Нова демократија ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го урнат мостот што со толку напор го изградивме, рекол поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров за „Катимерини“.
- Нас да нè пофали Димитров, сериозно би се замислиле. Ама, тие си знаат.