УМС на данска десница

Разликата меѓу данските и не данските конзервативци е што моменталниот лидер на нивната Конзервативна партија е отворено геј. Исто така разликата е и во Никита Клаеструп, една од функционерките во младинската организација. Клаеструп е во црно.

Клаеструп е претседателка на една од регионалните младински организации на данските конзервативци. Фотографиите се од нејзиното присуство на банкетот по повод 110-годишнината на младинската организација на Конзервативците. По фотографиите, таа веднаш беше поканета од неколку медиуми, кои најмалку ја прашаа за настанот или за политичките ставови.

Девојката слично мина и на локалните избори 2013-та каде од весникот БТ беше прогласена за најзгодна кандидатка на изборите, и имаше несекојдневен интерес за нејзините настапи и дебати, ама тоа не и донесе позиција.

Експертот за политичко брендирање Крестен Шулц-Јоргесен за данските весници објаснува дека вниманието што го добива Никита не мора да е лошо за нејзината политичка кариера.

"Напротив, ова помага да се изостри нејзиниот профил. Па ако сака да го претставува модерниот, слободоумен конзерватизам, не е лоша идеја да носиш ваков предизвикувачки фустан," изјавува експертот за данскиот Метроекспрес.

На страна сите останати, ставот на Никита е дека таа "може да се искористи себе си како пример за политичка реторика во која не можеш да го отфрлиш фактот дека жените политичари можат да бидат суетни и добро да изгледаат додека истовремено се интелигентни."

"Не можеме да избегаме од фактот дека ова продава. Има природен фокус на женската појава. Едноставно тоа е," изјавила Никита, која порачува дека за следната журка не планира да го менува стилот.

Кога сме кај Никита:

Некои претходни фото-сесии на Никита: