Франција стопи милиони парички, затоа што ги утнале ѕвездите

27 милиони метални парички исковани во Франција се уништени и стопени, затоа што ѕвездичките направени на нив не биле во совршено идентични со строгите дизајнерски стандарди на Европската комисија.

Француската ковачница произвела парички од 10, 20 и 50 центи, со нов шаблон, за дури подоцна да дознае дека ѕвездичките што биле на нив не содејствувале со правилата на Комисијата. По европски закони, државите можат да ја промена „националната страна“ на паричката, меѓутоа и новиот дизајн треба да биде одобрен од Комисијата и останатите влади на Унијата.

Франција неформално во ноември ја контактирала Комисијата, пред да испрати формално барање за одобрување на дизајнот, меѓутоа ковачницата почнала со работа и без да добие одобрение од ЕУ. Ковањето веќе започнато, тие добиваат одговор до Комисијата дека новиот дизајн не е во согласност со правилата на ЕУ.

Веќе на 12 декември Франција формално го поднела коригираниот дизајн кој на 21 декември бил прифатен и одобрен од ЕУ.

Вината за ваквиот курцшлус меѓу двете страни сега се префрла меѓу ковачницата и француската влада, што не и менува многу на ковачницата која како јавна компанија што не е дел од француската администрација (и буџет) ќе треба сама да ги сноси трошоците за повторно ковање на паричките.

Дизајнот на новите парички и понатаму се држи како тајна.

16 јануари 2024 - 12:24